Девојка направи матурски фустан од црни вреќи за ѓубре и стана вирален хит

Со многу креативност и малку пари и вие можете да блеснете како холивудска дива, докажува Амбер Шол.

devojka-napravi-maturski-fustan-od-crni-vrekji-zagjubre-i-stana-viralen-hit-01.jpg

Амбер Шол е 24-годишна YouTube ѕвезда, која со секоја нова објава ја прикажува својата неверојатна креативност.

https://www.instagram.com/p/Bh9lTiVAoAc/?taken-by=amberscholl

Оваа инфлуенсерка обожава сама да креира работи, а последен во низата нејзини проекти беше правењето на матурски фустан од црни вреќи за ѓубре.

„Кога некој ќе ве нарече ѓубре, направете фустан од вреќи за ѓубре и докажете му дека е целосно во право“, напиша таа на Twitter.

Фустанот е долг, елегантен и завршува со цвеќиња направени од вреќи.

Проектот на Амбер стана вистински хит и нејзината објава на Твитер има речиси 39.000 лајкови и над 9.000 ретвитови.

Нејзината цел е дека луѓето треба да разберат дека има креативни начини на кои сите можат да блеснат за време нa некој голем настан. Најважно е да се забавуваат во процесот и на крајот од него да се чувствуваат убаво.

Инспирацијата за ова ѝ дошла од еден коментар на YouTube каде нејзин фан напишал: „Амбер може да облече и вреќа за ѓубре и повторно ќе изгледа одлично“.

Како изгледал процесот на изработка:

devojka-napravi-maturski-fustan-od-crni-vrekji-zagjubre-i-stana-viralen-hit-02.png

devojka-napravi-maturski-fustan-od-crni-vrekji-zagjubre-i-stana-viralen-hit-03.png

devojka-napravi-maturski-fustan-od-crni-vrekji-zagjubre-i-stana-viralen-hit-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg