8 работи за кои сме „престари“ за да нè засегаат
Поголем број од луѓето, а посебно жените, се плашат од стареењето, но всушност, староста може да биде голема предност.
На пример, кога сте повозрасни, станувате позрели, имате искусено многу различни работи и знаете точно како да реагирате на повеќе ситуации.
Плус, веќе не се грижите за туѓото мислење и го правите она што го сакате и ве прави среќни.
Американката Мишел Комбс на нејзиниот блог, пишувала за принципите кои засекогаш ги избришала од нејзиниот живот.
Работи кои таа ги одбила со текот на времето и не изгубила ништо.
Кои се работите за кои веќе сте стари, а не се чувствувате лошо поради тоа:
Да го трпите она што не ви се допаѓа
Кога некој се однесува неправедно со вас, нема потреба да молчите за тоа. Заштитете се себеси, а не само другите. Поставете си психолошки граници и покажете како не смеат да се однесуваат со вас. Ова најдобро се учи со текот на годините и искуството.
Да се грижите за мислењето на другите за вас
Во одреден период од животот доаѓате до момент кога почнувате да се прифаќате себеси и она што го сакате, а сите недостатоци и карактеристики може да бидат во центар на внимание.
Уживајте во животот на секоја возраст, бидете расположен пензионер, облекувајте се како сакате и правете што сакате – другите и нивното мислење не се важни.
Да се извинувате за нередот во домот
Секако, не треба да се оди во крајност, но понекогаш може да си простите ако домот ви е малку неуреден.
Тоа е ваш дом и нема потреба да се извинувате никому за тоа, бидејќи веќе не ви е важно што другите ќе кажат.
Некогаш едноставно немате време за да се посветите на тоа, и тоа е сосема во ред, на сите им се случува.
Да се срамите од вашите слабости
Не мора да давате извештај на другите за тоа како го поминувате времето. Колку и за некого да звучи чудно, ако вие сакате да гледате детски филмови или романтични комедии на постара возраст, или имате некое друго чудно хоби, чувајте си го за вас и правете го без да се срамите.