Друштвени игри кои се актуелни и денес
На времето секојдневието ми беше пропратено со секакви активности, но имаше и такви денови кога се собиравме со маалските деца и се забавувавме со друштвени игри.
Иако, тинејџерските денови драстично го намали овој вид на релаксирање, сепак со текот на годините, како одново да се навратив на старите навики и најдов задоволство во работи кои ми го свртувале вниманието како на дете.
Добро се сеќавам дека тоа беа моментни кога самостојно или тимски секој сакаше да извојува победа врз другиот. Се употребуваа добро смислени тактики и се трудевме да го надитриме соиграчот.
На крај, лукавиот секогаш се крунисуваше со победа, а оние избувливите или како што ги нарекувавме лутковци, остануваа да тапкаат во исто место. Без разлика на сé, целата суштина се состоеше во дружењето, само тоа и остануваше врежано во нашите сеќавања.
Па, затоа ако сé уште чувствувате потреба да се изолирате од модерните технолошки направи, соберете се со најблиските и слободно препуштете се на неколку партии друштвени игри:
Не лути се човече
Игра каде губитниците најмногу се лутат.
Монопол
Да се изгради империја и да останеш без сон цела вечер.
Клуедо
Ајде да го откриеме убиецот, оружјето и собата на злосторството.
Ризик
Кога желбата да владееш со светот е посилна од тебе.
Автор: Е. Х. | Црнобело