Во кои факти да верувате кога станува збор за разликите помеѓу мажите и жените?
Разликите помеѓу мажите и жените се навистина големи, но сепак понекогаш знае да се претера во верувањата.
Според стереотипите кои се шират во разговори, мажите возат подобро од жените, а жените важат за помалку ориентирани во просторот.
А, кој е поопседнат со објавување фотки на социјалните мрежи – мажите или жените?
Некои стереотипи во кои долго време сите веруваме, се всушност точни, но некои од нив се само митови.
Во што да верувате кога станува збор за разликите помеѓу мажите и жените?
Жените повеќе објавуваат слики на социјални мрежи
Истражување за човечкото однесување на јавен простор покажало дека жените почесто објавуваат слики, ги средуваат и им ставаат филтри, како и комуницираат со мрежата.
Жените можат да прават повеќе работи одеднаш
Според дански истражувач, дојдено е до заклучок дека делот од мозокот кој е одговорен за интеракција на левата и десната хемосфера е потенок кај жените и им овозможува ад прават повеќе работи истовремено.
Мажите покажуваат помалку емпатија
Истражувањата покажале дека жените сочувствуваат со партнерот многу почесто од мажите, а мажите го прават тоа кога се работи само за нив.
Жените повеќе ги прекршуваат правилата за возење
Научниците ја анализирале историјата на казните и сообраќајните незгоди и се покажало дека мажите почесто ги злоупотребуваат правилата и возат поагресивно.
Мажите разликуваат помалку бои
Жените имаат способност да разликуваат малку поголем спектар на бои од мажите, кои обично ги разликуваат само основните.
Жените имаат помала ориентација во простор
Истражувањата каде мажите и жените требало да поминат низ виртуелен лавиринт, покажале дека мажите имаат малку поголеми предности на ова поле.
Мажите се поагресивни
Разликите во агресијата помеѓу половите се анализирани и донесен е заклучок дека двата пола се еднакви во вербална агресија, но мажите доминираат кога се работи за физичка.
Мажите лажат почесто
Целта на истражувањето била проучување на половите разлики во социјалното однесување, базирано на искреност и се покажало дека жените се поискрени од мажите.
М. М. | Црнобело