Исповеди во една реченица: Кој е мојот најбизарен страв?

Доколку имате некаква фобија, тогаш сигурно добро знаете колку тоа умее да биде непријатно искуство. Ве обзема паника и од сосема обична локација, ситуација, или, пак, појава. Можеби за другите – ама не и за мене – би рекле мнозинството поединци со ирационални стравови.

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-1.png

Срцето почнува забрзано да ви чука, дланките ви се потат и го губите здивот, дури и при самата помисла – на бубачки, лилјаци, змии, пад на авион...

Се чувствувате глупаво, бидејќи разумот ви говори дека не сте реално во опасност, но сепак телото реагира како да е загрозено.

ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-2.jpg

Според Националниот институт за ментално здравје, дефиницијата за фобија гласи: „интензивен ирационален страв од феномен кој не претставува вистинска закана; симптомите на анксиозност се јавуваат дури и од самата помисла на истиот.“

Запрашани да ги опишат своите најбизарни стравови во една реченица, испитаници од двата пола, како и од различни возрасни групи, ги дадоа своите искрени одговори за медиумската платформа VICE.

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-3.jpg

Од комични до трагични, прочитајте ги исповедите на повеќе луѓе на оваа тема:

„Се плашам да не ми излезат змии од тоалетната школка.“

„Мене ме плашат маскоти, ама буквално сите до една.“

„Страв ми е да не ми скокне некоја жаба, колку и да е мала.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-4.jpg

„Се плашам од памук, па мака ми е и од самиот збор.“

„Страшни ми се сите големи споменици.“

„Ме ужаснува помислата да останам без тоалетна хартија.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-5.jpg

„Се плашам од искажување љубов во работно опкружување.“

„Се грижам да не случајно масерот ми ги скрши ножните прсти.“

„Да не проголтам пајак во сон.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-6.jpg

„Дека ќе си го исечам прстот на раб од конзерва.“

„Имам фобија од риби – одвратни се, лигави и со крлушки.“

„Кога ќе пукне балон некаде во близина.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-7.jpg

„Се плашам дека јато гулаби ќе ми ги исколваат очите.“

„Страв ми е да не возам во погрешен правец по автопатот.“

„Да не ме избоде некој под туш, како во филмот „Психо“.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-8.jpg

„Да не ми се вовлечат змии во креветот додека спијам.“

„Се плашам од ајкули, дури и во базен.

„Кога и да ме бара мајка ми на телефон, страв ме фаќа да не ми јавува дека некој умрел.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-9.jpg

„Страв ми е да не ми падне нечиј клима уред врз главата.“

„Разговор со непознати – попрво би умрела.“

„Дека ќе ме изгребе мачка додека спијам.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-10.jpg

„Да не ми се забие некој со кола во ѕидот од спалната соба.“

„Не можам да поднесам било што да ми го допира окото."

„Ме ужаснува помислата да останам без интернет.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-11.jpg

„Да не си го одгризам случајно прстот.“ 

„Дека мостот ќе се сруши додека се возам преку него.“

„Стравувам од скриени камери во изнајмен простор.“

 ispovedi-vo-edna-rechenica-shto-e-mojot-najbizaren-strav-12.jpg

„Имам страв дека ќе останам со само едно влакно на главата – како Чарли Браун.“

Се препознавте ли во нечија реченица? Што е вашиот најбизарен страв?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Шведски бон-тон правила што би сакале да почнат да се применуваат и кај нас Никој не го прескокнува редот пред шалтер само за да праша нешто, а на автобуска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg