Според психологијата и држењето чаши: На секоја забава има 8 типови на луѓе
Кралици на вечерта
По правило, овој тип важи за девојки – ладни, без емоции и непробојни.
Таа пие од голема чаша, а со двете раце се опколува себеси и ја држи чашата покрај себе.
Со затворената поза создаваат бариера за комуникација и најчесто тоа се бизнис луѓе кои знаат зошто дошле и што бараат.
Плејбој
Овој тип важи за мажите – самоуверени, активни, подготвени да заведат и да се запознаваат.
По правило, тие пијат од висока чаша или шише, со заводнички став.
Самоуверени
Ова се најчесто мажи склони кон покажување на самодоверба, па дури и арогантност.
Тие го заземаат цел простор околу нив, се потпираат целосно на столче, седат сами на фотелја или столче, а нозете им се раширени.
Храбри
По правило, ова се мажи кои бираат најголема чаша или шише, големи порции храна и го држат пијалакот со една рака, покажувајќи колку се силни.
Тие сакаат да ја покажат својата доверба и сила и да ги импресионираат сите.
М. М. | Црнобело