Жени од Гинисова Книга на Рекорди кои нема да верувате дека постојат
Секоја жена е уникатна и има нешто што ја прави посебна, заради што се истакнува од останатите.
Но, она по што овие жени се препознатливи се карактеристики што им заагрантирале место во Гинисовата Книга на рекорди.
За некои од нив нема да ви се верува дека се реални, но тие навистина постојат.
Секоја жена има супермоќи, но погледнете по што се издвојуваат следниве:
Најсилната жена во светот
Aneta Florczyk од Полска е најсилна жена на светот заради нејзините способности да дигне тежина од 500 килограми.
Но, таа е запишана во Гинисовата Книга заради рекордот во кревање луѓе – таа кренала и спуштила 12 мажи за 2 минути.
Најфлексибилната жена во светот
Злата е позната по нејзината неверојатна флексибилност, а влегла во книгата заради способноста да пукне 3 балони со грбот на задната страна на нозете.
Најтетовирана жена во светот
Julia Gnuse станала позната по тоа што нејзината кожа е 95% прекриена со тетоважи за да ги покрие лузните од изгореници.
Жената со најтенка половина
Pixie Fox од Шведска била на многу пластични операции, вклучувајќи зголемување на градите, но тоа не било доволно, па таа извадила 6 ребра за нејзината половина да изгледа што потенко.
Светски рекорд за трчање маратон во штикли
Irene Sewell поставила светски рекорд и трчала на штикли 7 часа и 28 минути.
Најстарата жена гимнастичарка
Johanna Quass од Германија е најстарата жена гимнастичарка и е запишана во Книгата на рекорди затоа што на нејзина 92-годишна возраст, таа прави многу тешки вежби на паралелни шипки.
Најмалата жена во светот
Jyoti Amge од Индија е во Гинисовата Книга како најмалата жена во светот, а тоа се должи на генетската состојба од која таа пати.
Таа сега има 24 години, висока е само 63 cm, но живее нормален живот, патува многу и учествува во реални шоуа.
М. М. | Црнобело