11 маки што ги има секоја жена

Од проблеми со шопингот и долната облека до преголемите очекувања, жените навистина имаат низа секојдневни предизвици.

11-maki-shto-gi-ima-sekoja-zena-001.jpg

Да се биде жена е прекрасно, но сепак има некои работи кои ги мачат сите жени.

Од нас се очекува да бидеме совршени божици на убавината, па тоа знае понекогаш да биде навистина тешко.

Дел од маките на жените:

- Голем дел од нашата облека нема џебови, а дури и кога има не се доволно.

- Не е невообичаено само еден градник да ни се погоди и да ни биде навистина комфорен, па најчесто да го носиме само него.

- Долната облека брзо ни се оштетува. Тантелата и ластиците од перењето, а понекогаш и од незгодите за време на циклусот.

11-maki-shto-gi-ima-sekoja-zena-02.jpg

- Се очекува од нас да изгледаме како божици, па често наутро очајни врз подочниците ставаме тони коректор и пудра.

- Се очекува од нас постојано да седиме со прекрстени нозе.

- Хулахопките, дури и оние во кои сме вложиле мало богатство ни се кинат постојано.

- Шопингот на фармерки ни е најголемиот ноќен кошмар. Никогаш не ни прилегаат совршено и во ширина и во должина. Плус, понекогаш ја менуваат формата по перењето.

11-maki-shto-gi-ima-sekoja-zena-01.jpg

- Навистина ни е тешко чистењето на купот влакна од косата во тоалетот и од килимите во сите соби.

- Секогаш мора да внимаваме на прерамките од градникот кога носиме маичка на прерамки.

- Носењето на секси долна облека од тантела по само една седмица од депилирањето се претвора во хорор со сите тие влакна што излегуваат низ неа.

- Влакната на нозете како да ни растат со брзината на светлината.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg