Водич за секојдневно задоволство: Како животот да не ви се сведува само на работа и спиење?

Сите имаме денови, недели, па дури и цели месеци кога енергетската батерија „ни е на црвено“, односно силата ни е веќе истрошена.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-001.jpg

Во тие моменти користењето на ланскиот одмор нема да ви помогне многу, туку од корист ќе ви бидат малите, но важни секојдневни промени.

Почнете чекор по чекор да го следите овој водич, за следен пат побрзо да си ги наполните батериите:

Малку одложете ги задоволствата

Одложувањето на едно задоволство кое може да почека, може да биде голема мотивација. Работите кои не ги добиваме веднаш, сега, обично ни причинуваат поголемо задоволство.

Направете едноставен експеримент – не посегнувајте по чоколадо сред недела, па почестете се со чоколаден десерт во сабота. Ќе сфатите за што зборуваме.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-06.jpg

Уживајте во процесот, но не ја заборавајте целта

Едни ќе ве советуваат дека целта е поважна, други ќе ви кажат дека патешествието до неа е поентата. Вистина е дека важен е балансот.

Константното посакување побрзо да стигнете до крајната цел, може да ви ја намали долгорочната мотивација. Напорното работење без крајна цел пак, повторно може да се чини безначајно.

Затоа, поставете цели кои ќе ги поделите на неколку помали цели и така постојано ќе имате мотивација.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-01.jpg

Одморајте нормално, не пред телевизор или смартфон

Без разлика дали се работи за тоа како го пополнувате времето за рекреација или  слободните денови наменети за одмор, важно е да ги искористите правилно. А, тоа не вклучува 8 часа поминати пред телевизор и уште 4 залепени пред смартфонот.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-02.jpg

Постојано одржувајте ред

Ред во куќата – ред во главата. Не дозволувајте во текот на неделата во домот да се создаде хаос кој подоцна ќе го средувате во сабота и недела.

Наместо тоа, секој ден средувајте по малку. Половина час за средување на облеката или садовите нема да ви промени многу во дневната рутина, а ќе ви го ослободи викендот.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-04.jpg

Славете ги и малите победи

Дури и ако се работи за тоа што ја совладавте мрзата и конечно отидовте во теретана или едноставно го направивте тешкиот телефонски повик кој го одложувате со недели – насмевнете се и кажете си браво.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-03.jpg

Секој ден завршувајте по барем едно нешто

Не постои полоша навика од тоа да ги оставате работите недовршени, на половина. Трудете се секој ден комплетно да завршувате барем по една задача.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-05.jpg

Престанете да им верувате на фотките по социјалните мрежи

Среќно семејство, совршено среден дом, фантастичен гардеробер со милион опции за облекување, полн фрижидер со состојки и рецепти како да ги готвел Џејми Оливер... а, вие едвај имате време да го земете детето после работа или да тркнете до маркет да испазарувате.

Дозволете им визуелно опуштање на очите со овие прекрасни глетки, но не се ни обидувајте да ги достигнете во реалноста. Само ќе губите енергија и мотивација.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-07.jpg

Разговарајте со барем еден пријател во текот на денот

Раскажувањето на тековните дневни проблеми можеби не е најпозитивната и најсреќната работа која може да ја направите, но дефинитивно е од помош.

Затоа, разговарајте со партнер, пријател, родител, па дури и специјалист доколку имате потреба.

vodic-za-sekojdnevno-zadovolstvo-kako-zivotot-da-ne-vi-se-sveduva-samo-na-rabota-i-spienje-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg