Местење кревет, будење со телефон: Утрински навики кои конечно треба да ги промените
Секој човек има навики кои ги стекнал во текот на животот и навистина е тешко кога треба да се искоренат.
Сепак, доколку сте свесни дека така е најдобро, со малку повеќе труд и волја, може да се успее.
Посебно утринските навики знаат да бидат најтешки за искоренување, но има некои работи кои едноставно треба да се прават на различен начин.
Подобро порано, отколку подоцна да ги промените следниве навики:
Прескокнување на утринско туширање
Туширање со жешка вода, наместо со поладна
Предности на поладната вода: подобрување на мозочна активност, стимулира имунитет, не ја суши кожата.
Трошење време на туѓи животи веднаш по будење
Трошење време на тоа што да облечете
Совет: Направете организација во плакарот и поделете ја облеката според пригоди (работа, спортско, свечености), како и според бои и годишни времиња.
Појадување оброк што не ви дава доволно хранливи состојки и енергија
Миење на забите веднаш по јадењето
Совет: Најдобро е да се мијат 30 минути после јадење, бидејќи претходно глеѓта е поранлива.
Пиење црно кафе веднаш по будење на празен стомак
Најдобро е првата шолја кафе да се испие 3-4 часа по будењето (колку и да е тешко), а ако „морате“ порано, нека биде со млеко.
Местење на креветот веднаш по станување
Совет: Отворете прозор и оставете постелнината да се проветрее за да се исуши влагата која се лепи од телата преку ноќта. Наместете го креветот пред излегување.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





