Пад од зграда, пад од авион: Совети како да преживеете паѓање од голема висина
Колку и да изгледа безнадежно, мора да сторите сè што е во ваша моќ за да го преживеете падот од голема висина. Овие совети ќе ви помогнат во тоа.
Понекогаш пад од првиот кат во зграда може да биде фатален. Токму затоа интересен е случајот на југословенската стјуардеса Весна Вуловиќ, која успеала да преживее пад од 10 километри висина без падобран, кога нејзиниот авион експлодирал поради терористички напад.
Таа била сериозно повредена, но по закрепнувањето повторно работела во авијацијата како ништо да не било.
Весна била единствената преживеана во несреќата и со преживувањето на падот од огромна висина влегла во Гинисовата книга на рекорди. Родена била во Белград во 1950 година, а починала на 66 години во 2016.
Како да ги зголемите вашите шанси за преживување при пад од зграда:
Кога паѓате, фаќање за што било може да ви ја намали брзината на падот, а со тоа и повредите. Крошна од дрво, некоја пластика, чаршаф, сè ќе помогне во ваква ситуација.
- За време на падот не смеете да ги стегате мускулите, колку и да ви изгледа тешко во ваква стресна ситуација, вие мора да бидете релаксирани. При паѓањето од височина пијаните луѓе и малите деца најчесто преживуваат.
Алкохолот ја спречува паниката и ги релаксира мускулите. Кај децата пак коските се понежни отколку кај возрасните, па нивниот череп најверојатно нема да се скрши при падот на земјата, туку ќе се деформира.
- Свиткајте ги колената, но не премногу. Нозете мора да ви бидат споени за земјата да ја допрете со двете стапала наеднаш. Обидете се да се приземјите на стапалата за да си го амортизирате падот. Најверојатно ќе си ги скршите нозете, но тоа во ситуацијава е помалото зло.
Никако не смеете сосема да ги исправате нозете или да ја кревате само едната нога, надевајќи се дека така барем неа ќе ја спасите од кршење.
- Додека паѓате покријте ја главата со рацете. Обидете се да паднете на страна малку свиткани.
Паѓањето на земја ќе мине многу подобро од паѓањето на асфалт.
- Ако имавте среќа да преживеете. Сега треба само да лежите и да чекате помош.
Како да ги зголемите вашите шанси за преживување при пад од авион:
- Ако паднете од висина од 10 километри, падот најверојатно ќе трае 3 – 6 минути и брзината ќе биде 190 километри на час. За жал, можноста за преживување е неверојатно мала, но вреди да се обидете.
- Запомнете дека луѓето кои успеале да преживеат најчесто биле кај опашката на авионот.
- Ако вашиот авион експлодира во воздух прво ќе почувствувате неподнослива врева и неверојатен студ и ќе започнете да паѓате. Поради малата количина на кислород во воздухот ќе изгубите свест, но кога ќе се најдете во пониските слоеви на атмосферата ќе се освестите.
- Најдобро е да седите на стол при падот, така ќе ви се зголемат шансите за преживување.
- Помали се шансите да преживеете при слободен пад, отколку кога сте стуткани на седиште, но ако веќе паѓате така, најдобро е да ги раширите рацете и нозете за да ја намалите брзината.
- Обидете се да го насочите вашиот лет. За движење во спротивна насока, свиткајте ги нозете, како да сакате да ја допрете главата со вашите потпетици. За да се движите надесно, спуштете го десното рамо и свиткајте го телото кон десно.
- Обидете се да не слетате на вода. Од таква висина ударот ќе биде исто како на асфалт.
Падот на некое поле или место каде има вегетација е подобра опција. Најдобро е сено или снег.
- По падот, почнува најтешкото. Мора да се обидете да останете живи и да пронајдете луѓе кои ќе ви помогнат.
С. С. | Црнобело