7 трикови со кои ќе го освоите соговорникот, дури и да го гледате првпат
Некои зборови и гестови може да ве направат омилен соговорник на луѓето уште при првата средба.
Сакаме да им се допаднеме на тие околу нас, но и да го заштитиме нашиот социјален статус во групата. Но, како да ги направиме овие две работи, кои понекогаш се спротивставени?
Сигурно сте се нашле во ситуација кога сакате да му се допаднете на новиот колега, но од друга страна мора да настапите агресивно за да си ја одбраните вашата позиција.
Сепак, постојат неколку трикови со кои можете да ги остварите двете работи едновремено:
Одржувајте контакт со очите правилно
Покрај тоа што треба внимателно да го слушате, вие мора да го гледате соговорникот директно во очи или во пределот на горниот дел од носот. Нема потреба да го гледате во устата додека говори.
Користете имиња
Знаете точно кому се обраќате, па сторете го тоа со неговото име. Соговорникот ќе се почувствува почитувано и ќе ви се отвори.
Плус, ова е добра тактика за запомнување на името на некој нов познаник.
Користете мимики, но не претерано
Мимиките делуваат на потсвесно ниво, па правете ги почесто. Некои експерти дури советуваат благо повторување на гестовите на соговорникот за тој да ве чувствува поблиски.
Сепак, внимавајте да не претерате и тој да го забележи ова и да мисли дека го имитирате за да го исмеете.
Внимавајте на позата
Позата има огромно влијание врз тоа како се чувствуваме. Па, така ако рамениците ви се исправени и имате отворен став ќе ве перципираат како самоуверени и пријателски настроени.
Дадете му на соговорникот нешто топло во рака
Ова изгледа незначајно, но ќе го промени првиот впечаток на соговорникот за вас.
Истражувањата покажуваат дека луѓето размислуваат позитивно за другите луѓе кога рацете им се топли.
Подадете му шолја топол чај или кафе или позајмете му ја вашата наметка за да се стопли.
Користете ист јазик со него
Кога велиме ист не велиме за зборување на македонски, англиски, француски, тоа се подразбира. Треба да користите ист јазик во смисла на термини и некои зборови или кратенки што ги употребува тој.
Вака на суптилен начин ќе влијаете да ве чувствува поблиски.
Побарајте помош
Ако сакате да ја добиете неговата доверба и вашата комуникација да биде блиска во иднина, тогаш барањето помош ќе ви помогне. Тоа сторете го на културен и суптилен начин.
Тајната е дека луѓето чувствуваат симпатија кон тие на кои им помагаат.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





