-->
Приказот на сиромаштијата, искористувањето на детскиот труд и тешкиот начин на живот не е тоа што сакаат да го покажат на светот лидерите на оваа земја.
Eric Lafforgue е фотограф кој патува по светот. Тој бил во Северна Кореја 6 пати помеѓу 2008 и 2012 година и за време на неговите патувања успеал тајно да направи фотографии, кои покажуваат каков е навистина животот во оваа земја.
-->
Но, за време на неговата шеста посета бил фатен од властите и му бил забранет влез во државата во иднина затоа што одбил да ги избрише од интернет фотографиите кои ја прикажувале Северна Кореја во лошо светло.
Поголемиот дел од фотографиите од оваа земја се режирани, па ајде да ѕирнеме како изгледа реалноста преку објективот на овој смел фотограф:
Уловено изразување емоции во јавност, појава која не е многу препорачлива таму, плус фотографирање на воено лице, што е строго забрането.
Децата изгледаат истоштено од сите тие церемонии, плус марамата на едно дете е изместена, а во Северна Кореја се мора да биде во совршен ред.
-->
-->
Во метрото на Пјонгјанг смеете да фотографирате само ако ви дозволи туристичкиот водич, а само три станици се отворени за странци.
-->
Забрането е да се сликаат домовите, особено оние кои не се во совршена состојба.
Во Северна Кореја има тезги со храна, како во цела Азија, но тука менито е многу поскромно и има само една нивна традиционална храна.
-->
Лидерите не смеат да се сликаат од страна или од грб, па оваа фотографија од статуите на лидерите ги прекршува правилата.
Стариот рѓосан трамвај говори многу за лошата состојба на јавниот превоз во Северна Кореја, а тоа е недозволиво да се прикаже во оваа земја.
Северна Кореја има навистина студени зими, а ваквите стари куќи тешко се загреваат.
Уште 8 фотографии на следната страна...
Би можело да ве интересира: