Лео Џона - од дете исмејувано поради бојата на кожата и косата до светски познат албино модел (фото)

Албино моделот Лео Џона вели дека постојано се обидувал да се вклопи, но потоа сфатил дека е вистинска предност што е поинаков.

leo-jona-od-dete-ismejuvano-poradi-bojata-na-kozata-i-kosata-do-svetski-poznat-albino-model-foto-01.jpg

Лео Џона од Лондон е роден без пигмент во кожата, очите и косата. Како дете тој постојано бил исмеван од соучениците поради изгледот, а денес е познат албино модел кој се појави во магазинот Vogue Russia и ја раскажа својата приказна.

Додека растел му било многу тешко да се вклопи.

„Едноставно не можев да појдам до продавница без да станам дел од тепачка. Секој ден се тепав“, изјави Лео, кој како причина ги наведува подбивните коментари од околината.

Но, токму неговиот уникатен изглед го претворил во баран и успешен модел.

 

? Mood ?@whatever_u_think • • • • • • • • • • • • • • • • • #portraitphotographer #portrait #portraits #portraitsociety #portraitpage #portrait_perfection #portraitsmag #portraitnyc #fashionportrait #leojonah #prada #bandana #coolhair #coolhairstyle #dreads#leojonah jonah

A post shared by Mr Hershey's Cookies&Cream (@leo_jonah) on

Сега работи на тоа да ги образува другите албино луѓе да ја прегрнат својата различност и сака неговата приказна да им биде инспирација полесно да се прифатат себеси.

„Кога растете, сите се трудат да се вклопат. А јас, нормално, не можев да се вклопам. Иако, сакав и се обидував, тоа не ми одеше од рака“

Лео вели дека неговите родители биле првото семејство со темна кожа во нивната улица во Лондон, а ги обележало како семејство чудната појава што дури трите деца им се родиле со албинизам.

Во текот на животот го нервирало што постојано сите зјапале во него поради неговиот нетипичен изглед, но сега откако влегол во модниот свет открил дека токму неговата различност го прави оригинален.

Се има појавено на Модната недела во Лондон, во низа магазини и музички спотови.

Запознајте го инспиративниот Лео:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg