10 начини на кои ќе дадете сè од себе за да станете подобра личност

Мора да признаеме дека сите понекогаш скршнуваме од правилната патека и правиме по некои грешки во животот.

10-nachini-na-koi-kje-dadete-se-od-sebe-za-da-stanete-podobra-lichnost-01.jpg

Но сепак, постои начин да се подобриме и да станеме подобра личност, само ни недостасува малку инспирација.

Доколку токму тоа ви е потребно и вам, девојка споделува кои се начините на кои таа дава сè од себе за да се промени.

Совети од девојка за начините на кои таа се трудела да стане подобра личност:

Поискрена сум за моите чувства

Наместо да се преправам дека сè е совршено, давам вистински одговори кога некој ќе ме праша како сум. Можеби не до детаљ за секој дел од мојот живот, но не се преправам дека имам совршен живот. Во ред е да не бидеш во ред.

Се однесувам кон себе со повеќе добрина

Не се нарекувам со погрдни зборови и не ги гледам недостатоците во огледало. Се однесувам кон себе како што би се однесувала кон сакана личност бидејќи не заслужувам да се критикувам.

Наоѓам нови начини да го контролирам бесот

Кога и да сум нервозна за тоа колку е нефер светот и за други сериозни проблеми, читам инспиративни цитати. Одам на џогирање. Боксувам во боксерска вреќа. Се обидувам да се справам со бесот на нови начини, наместо да викам и да трескам.

Учам да живеам за сегашноста

Наместо да се грижам за тоа што ќе се случи за 2-3 дена или 5 месеци, живеам за моментот и се фокусирам на тоа што се случува сега, не ја предвидувам повеќе иднината.

Се грижам подобро за моето тело

Јадам подобро. Пијам повеќе вода. Си дозволувам да се релаксирам од насобраниот стрес наместо да се фокусирам на тоа уште колку многу работа имам до крајот на денот.

Се охрабрувам да се дружам повеќе

Наместо да се жалам дека немам пријатели и причина за да излезам од дома, се терам себеси да се дружам повеќе и се зачленувам во различни групи и ораганизации.

Се трудам да го слушам тоа што другите го кажуваат

Кога некој зборува, внимателно слушам и се обидувам да смислам одговор во главата. Го сменив фокусот од себеси кон луѓето кои ми зборуваат и од тоа научив многу.

Давам повеќе комплименти

Наместо да си ги чувам убавите зборови за себе, ги фалам другите луѓе. Лајкнувам повеќе Инстаграм фотки. Коментирам на повеќе статуси и слики. Им овозможувам на сите да дознаат дека ми значат и дека имам добро мислење за нив.

Се потсетувам на работите за кои сум благодарна

Наместо да се жалам за секоја ситница која е погрешна, се обидувам да се сетам на сите добри работи кои сум ги стекнала и искусила. Се потсетувам на сите луѓе кои ме сакаат. На сета убавина која сум ја видела.

И конечно, барам помош наместо да преживувам сама

Одам на терапија. Одам во групи за поддршка. Читам книги за само-помагање. Давам сè од себе за да си го вратам животот во правилна насока.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg