Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Особини и навики кои го уништуваат среќното семејство

Сите имаат различен карактер и навики, но во заедничкиот живот со семејството, мора да имаме толеранција и да правиме компромис.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-01.jpg

Тешко е кога повеќе личности живеат заедно, но за да се одржат семејните односи, постојат некои работи кои треба да ги избегнуваме.

Многумина не се свесни, но дури и најмалите секојдневни ситници, може на долгорочен план да предизвикаат последици.

Навики и карактеристики кои ја уништуваат сликата за среќно семејствo:

Навика на носење одлука за двајца

Понекогаш е одлично да имате некој кој ќе ви ги реши сите проблеми и дилеми, без да се грижите воопшто. Но, тоа не секогаш е знак на љубов.

Ако некој постојано ги прави одлуките за друг и не го зема обѕир мислењето на членовите во семејството, тогаш таа личност, независно кој е, само сака да биде доминантна над останатите.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-02.jpg

Желба за контрола над сè

Некои луѓе не можат да живеат спонтано и сакаат кога работите се однапред испланирани. И тоа треба да го почитувате.

Но, доколку некој во семејството претера со желбата за контрола над секоја ситуација, тогаш треба да поразговарате сите заедно и да договорите некои приоритети и „правила“.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-03.jpg

Навика за правдање

Меѓусебната почит во семејството е клучна за среќа и разбирање. Сечија желба и потреба треба да биде задоволена и не треба да биде игнорирана.

Па така, доколку некој побара нешто од другиот, треба да се заврши во знак на љубов и почит за да се одржи хармонијата.

Но, ако барањата на некој член постојано се игнорирани и за тоа наоѓате глупави оправдувања, тогаш имате проблеми кои мора да ги решите.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-04.jpg

Финансиска зависност

Врските каде едниот партнер е зависен од другиот не се препорачливи. Во ред е тоа да се случува понекогаш, но не тоа да биде секогаш.

Можеби на почетокот нема да се забележува разликата, но понатаму може да настанат проблеми.

Плус, не значи ако едниот партнер може да го издржи цело семејство, дека другиот никогаш не треба да побара начин да помогне.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-05.jpg

Навика на „солење“ памет и критикување

Луѓето кои се критикувани на училиште, на работа, во друштво, на факултет и слично, најмалку што сакаат е да бидат критикувани и дома.

Домот е место каде сакате да се релаксирате и во ред е некогаш да укажете на грешките но не секогаш да се правите најпаметни и за сè да наоѓате маани.

Доколку ова се случува често, треба да се отвори оваа тема и сите заедно да разговарате.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-06.jpg

Навика на навраќање на стари работи

Овој карактер на луѓе е веројатно најлош. Доколку членовите во семејството не можат да заборават ништо од минатото и постојано ви ги набиваат на нос грешките и неуспесите или други забелешки, време е за сериозен разговор и промени.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-07.jpg

Навика на проверување зад грб

Долгите и издржливи врски се градат врз база на меѓусебно разбирање, почит и доверба.

Не мора да драматизирате и да правите љубоморни испади секој пат кога партнерот ќе направи нешто поразлично.

Ако ви се појави сомнеж за нешто, прашајте отворено, не го проверувајте зад грб.

karakteristiki-i-naviki-koi-go-unishtuvaat-srekjnoto-semejstvo-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Луѓе откриваат: „Најчудната навика на партнерот што ја дознав откако почнавме да живееме заедно“ „На почетокот, сопругот купуваше чорапи и долна облека и по секое носење ги фрла...
6 животни лекции од „Кралот лав“ што се релевантни и 30 години подоцна Треба да ги почитуваме сите, а кога ќе направиме грешка, треба да си ја признаем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg