Тура на убавина низ 10 земји: Која е замислата за привлечен маж во Турција, а која во Грција? (фото)
Турскиот актер Бариш Ардуч и грчкиот пејач Сакис Рувас се примери за мажи чија убавина се цени многу во нивните родни земји.
Убавите мажи го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Но, замислата за тоа што претставува убав маж е различна во различни земји.
Некаде се ценат мажествени темнокоси мажи, а некаде нежни руси мажи со светли очи.
Како се менуваат критериумите за тоа што е убав маж низ светот:
Америка
На цена се мускулести мажи со широки раменици. Американките сакаат т.н. ламберсексуалци, односно силни мажи со светла кожа, мускули и брада, кежуал облечени.
Бразил
Мажите со темна коса и кафеави очи се најчестата слика во Бразил, но кога некој наместо темни има светли очи, тогаш Бразилките полудуваат по него. На темнокосите мажи со светли очи никогаш не им недостасува внимание.
Индија
Погледнете кој било филм снимен во Боливуд и ќе сфатите што значи убав маж во Индија. На цена се мачо типовите, кои се фит и имаат мускули, добро средена коса и користат средства за осветлување на тенот.
Шведска
Сликата за убав маж се трансформираше со текот на времето. Денес Швеѓанките не лудуваат по брутални Викинзи, туку по екстремно нежни момци со блага тага во нивните очи. Бледата кожа, светлите очи и истакнатите јаболчици се омилените карактеристики.
Турција
Стандардната идеја за убав маж во Турција е храбар и силен маж со романтична природа. Можеби токму затоа ѕвездите на турските сапуници изгледаат вака. Привлечниот Турчин по правило обрнува многу внимание на стилот и ги отстранува влакната од градите.