10 зборови и фрази кои ве издаваат дека имате ниска самодоверба
Колку пати денес се извинивте, непотребно и несвесно? Тоа е првиот знак дека имате ниска самодоверба.
Проучувајќи го односот на лицата кои немаат стекнато самодоверба во себе и своите одлуки, постојат очигледни знаци кои се заеднички за сите.
Овие 10 зборови и фрази се дел од нив:
Ако имате ваков проблем со постојано, несвесно извинување, запрашајте се дали вистина направивте нешто лошо или страшно? Секогаш пред да изговорите „извини“ дајте си пауза од барем 5 секунди да размислите на оваа тема.
Ништо не се случува само од себе. Дајте си на значење кога ќе постигнете нешто.
Мора да разберете дека секој има мислење за секого и тоа е одлично. Во спротивно, мозокот ќе ни се умртви.
Избегнувајте да ја кажувате оваа реченица гласно. Нема потреба грижите и проблемите да ги избегнувате со туткање во креветот.
Сфатете го животот послободно, како игра. Малите одлуки како што ќе облечете или јадете денес немаат некое огромно влијание. Почнете од нив.
Не се кријте и не бегајте од комплиментите со оправдувачки реченици. Зборуваме за оние ситуации кога некој ви дели пофалби дека изгледате одлично, а вие велите „Ама јас само го позајмив фустанот на сестра ми. Не е мој.“
Вашата самодоверба нема да порасне ако ја прегазите туѓата. Речениците од типот „јас готвам“ заменете ги со „јас го испеков месото“. Избегнувајте реченици кои нагласуваат дека вие нешто правите постојано, бидејќи тие оставаат впечаток дека вие сте важни, а другите незабележителни.
Уште една несигурност која мора да ја контролирате. Запомнете дека ниту еден човек не е 100% во право, постојано, секоја минута во денот. И тоа не значи дека треба да се правдате со зборчиња полни со сомнежи.
Најлесен начин да се оправдате, да ја префрлите вината и да не формирате свое мислење. И, не би требало да го искористите.
Патолошкиот страв од правење грешка е присутен кај многу луѓе. Едноставно, дозволете си грешки.
М. Д. | Црнобело