Роднини со кои се среќаваме за време на празниците, а не сакаме
Почетокот на секоја година всушност е и период во годината кога целото семејство се собира и заедно го прославува, а роднините уживаат во собиранките по повод Божиќ и Бадник.
Песната, смеата и дружењето се неизоставен дел од топлите семејни празнични денови, но секако на секој празничен собир постојат роднини чие присуство не можеме да го смислиме.
Во продолжение погледнете кои 5 типови на луѓе се токму оние на коишто најмалку сакаме да „налетаме“.
Најзгодната братучетка
Вие сте качиле неколку килограми плус, но ете ја неа... најзгодната братучетка која што знае како да „заблеска“ без разлика за која пригода станува збор.
Секој пат кога ќе ја видите си велите: „Ох, Господе, како ли успева!?“, и се насмевнувате од уво до уво, па продолжувате да се прегрнувате и да си ласкате додека некој не ја прекине целата таа, за вас, чудна ситуација.
Најдосадната тетка
Таа е жена која што поминала низ сѐ во животот, вие едноставно не сте ѝ ни „до колена“. Секогаш е загрижена за вашата фигура, а речиси е и невозможно да не забележи дека сте качиле кило-две плус.
Веднаш започнува да ви раскажува за сите нејзини другарки кои биле на хроно и да ве допира незгратно за деловите од телото на кои смета дека имате „салце“.
Децата на роднините
Не сте ги виделе од кога се родиле, а оттогаш поминале речиси 10 години. Секако дека ни тие не се ништо посебно воодушевени што мора да бидат во ваше и во присуство на другите роднини, па затоа целото време го поминуваат гледајќи во својот мобилен телефон кој во моментов е најнов на пазарот, а вие имате видено таков единствено на реклама.
Секако тука се и штотуку родените бебебиња, и тоа само затоа што нивните мајки не сакаат да пропуштат ниедна семејна прослава – никој не знае зошто.
Распеаниот и распиениот чичко
Тој е буквално речено „од времето на Тито“. Постојано раскажува приказни од времето кога бил во војска и секогаш му се плетка јазикот од ракијата што ја пие како планинска вода.
При крајот на веселбата се расправа со сите најчесто за политика или пее станат со чашата во рака до изнемоштеност. Генерално не го ни забележува вашето постоење.
Новата девојка на најзгодниот роднина
Ова им е второ излегување и ни самата таа не знае кога и како завршила на оваа прослава, ама веќе пола од фамилијата ја довикува со „снашке“. Најчесто седи на тераса или со младите и пробува да остане незабележана.
Ни таа не го забележува вашето постоење.
С. У. | Црнобело