15 „средни деца” со неверојатно успешни кариери

Иако средните деца по редослед на раѓање имаат репутација дека се огорчени и цел живот се чувствуваат запоставени, сепак експертите откриле дека најчесто овој стереотип е многу далеку од вистина.

15 sredni deca so neverojatno uspesni karieri 1

Напротив, средните деца најчесто имаат висок степен на емпатија, тие се независни и немаат потреба да се согласуваат со социјалните норми и правила.

Ако сепак сѐ уште не сте убедени, ќе оставиме овие познати личности кои истовремено се „средни деца“ да ве разубедат:

1. Абрахам Линколн

Абрахам имал постара сестра која се вика Сара и нему цел живот му била речиси како мајка откако неговата вистинска мајка починала кога тој имал само 9 години. Тој исто така имал и помал брат кој се викал Томас кој починал само три дена по раѓањето. За жал, Сара и нејзиното бебе исто така починале при раѓањето кога таа имала 20 години.

2. Ворен Бафет

Финансискиот гуру е средното дете помеѓу две сестри, Дорис и Роберта. Дорис денес е претседател на „Sunshine Lady Foundation“, организација која ги финансира и им овозможува шанси за нормален живот на обесправени лица. Другата сестра Роберта е голем филантроп.

3. Принцезата Дијана

Дијана била четврто од 5 деца, имала 2 постари сестри и еден помал брат. Другиот брат починал само неколку часа по раѓањето. Принцот Чарлс всушност најпрвин бил во врска со сестрата на Дијана, Сара. Таа врска не успеала, па Сара ги запознала Чарлс и Дијана подоцна.

15-sredni-deca-so-neverojatno-uspesni-karieri-1.jpg

4. Бил Гејтс

Уште една успешна приказна е Бил Гејтс кој е средно дете помеѓу две сестри, Кристи и Либи.

5. Мартин Лутер Кинг

Неговата постара сестра била професор на колеџ и имала напишано неколку книги. Неговиот помал брат Алфред исто така бил активист, но се удавил во базен за пливање само 15 месеци по убиството на Кинг. Алфред бил многу добар пливач па семејството се сомневало дека и тој исто така бил убиен.

6. Бритни Спирс

Сигурно сте слушнале за помалата сестра на Бритни, Џејми Лин којашто премногу личи на Бритни. Џејми има глумено во позната серија и има напишано неколку песни. Спирс сестрите исто така имаат и постар брат, Брајан кој исто така се нашол во улога на продуцент на неколку проекти за семејството.

7. Џон Кенеди

Џон бил дел од познатиот Кенеди клан и тој бил втор од 9 деца. Првиот Кенеди брат требало да стане претседател, меѓутоа бил убиен во мисија од втората светска војна. Помалите браќа и сестри на Џон Кенеди се Розмари, Кејтлин, Јунис, Патриша, Роберт, Џин и Тед.

8. Мадона

Мадона има двајца постари браќа, Антони и Мартин, а Паула, Кристофер и Мелани се помали од неа. Кристофер соработувал многу со Мадона во текот на нејзината кариера, меѓутоа во 2008 година тој објавил книга која ги уништи нивните односи.

15-sredni-deca-so-neverojatno-uspesni-karieri-2.jpg

9. Чарлс Дарвин

Таткото на еволуцијата имал 3 постари сестри, еден постар брат и една помала сестра. Тој бил неверојатно близок со неговиот брат Еразмус којшто бил обожаван од децата на Чарлс.

10. Ернест Хемингвеј

Хемингвеј бил второто од шест деца. Марселин била една година повозрасна од него, Урсула била 3 години помала, Сани била 5 години помала, Керол била 12 години помала а Лејчестер, бебето во семејството дошло дури 16 години подоцна. Лејчестер бил исто така писател како неговиот брат, и извршил самоубиство на 67 години.

11. Мајкл Џордан

Кошаркарската легенда има двајца постари браќа, една постара сестра и една помала сестра. Според неговиот татко, всушност Лари најстариот син, бил тој од кој очекувале да стане познат кошаркар. Меѓутоа Мајкл пораснал многу во средношколските години и тој почнал да игра кошарка. Се вели дека Мајкл го избрал бројот 23 затоа што сакал да биде барем половина толку добар колку што е брат му кој го носел бројот 45.

12. Мајкл Џексон

Кралот на поп музиката имаше 6 браќа и сестри. Џенет Џексон, која веќе ја знаете му е помала сестра. Сите Џексон деца всушност имале успешни музички кариери и биле добри музичари.

13. Марк Закерберг

Постарата сестра Ренди е поранeшен директор за развој на пазарот во Фејсбук. Таа денес е генерален директор на Закерберг Медиа. Марк исто така имала две помали сестри, Дона и Ариел.

15-sredni-deca-so-neverojatno-uspesni-karieri-3.jpg

14. Грејс Кели

Актерката и принцеза од Монако, Грејс Кели имала една постара сестра Маргарет, постар брат Џон Џуниор и помала сестра Елизабет. Џон Џуниор четири пати учествувал на Олимписките игри како веслач. Неговиот бронзен медал ѝ го дал на Грејс како подарок за свадбата кога таа се омажила за принцот од Монако.

15. Џенифер Лопез

Џеј Ло има една постара сестра Лесли и помала сестра Линда, која е многу добар и наградуван новинар.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg