Врвци на мокасините, крукчиња на обвивката на чипсот: 6 вистински намени на предметите што ги користиме
Дали некогаш би се сетиле дека идејата на дизајнерите да стават врвци на мокасините им е од некогашните рибарски чевли?
Од каде им е идејата на дизајнерите да им стават дополнителен слој на материјал на џемперите на лактите или зошто некои патики имаат гума напред?
Мора да признаете дека не ја знаете вистинската намена на предмети што ги користите секојдневно.
Прочитајте ги овие интересни објаснувања:
Зошто сладоледот се продава во корнет?
Кон крајот на 19-тиот век сладоледот се продавал во „чаши за лижење сладолед“. Тие биле миени со вода, пред нареден клиент да ги користи.
Но, во еден пеколно топол ден во 1904 година, луѓето се собрале да си купат сладолед, но продавачот немал доволно чаши за сите. На помош му дошол продавачот на вафли, кој почнал да ги завива вафлите во форма на конус и му ги дал на сладоледџијата да ги полни со сладолед.
Сите биле среќни од резултатот кој веднаш нашол примена, затоа што докторите ги обвинувале „чашите за лижење“ како причина за ширење на туберколоза.
Зошто некои парчиња облека имаат материјал на лактите?
Овој моден тренд потекнува од воените полиња. Војниците морале да лазат на лакти и материјалот се истанчувал и кинел. Токму затоа на униформите на лактите им бил шиен екстра слој на материјал.
Подоцна, и ловците го присвоиле ова за своите ловџиски костими, а во 50-тите години студентите ширум американските универзитети ја позајмиле идејата и ја претвориле во вистински моден тренд.
Зошто некои патики имаат гума однапред?
Патиките некогаш биле главно обувки за кошаркарите и гумата напред служела за заштита на нивните прсти од незгоди за време на играта. За разлика од сега, тој дел бил направен од многу цврста гума.
Во минатото оваа гума била потемна, но сега е бела како дел од дизајнот на модерните патики.
Зошто мокасините имаат врвци?
Во средината на 20-тиот век чевларот Nils Tveranger бил инспириран од чевлите на норвешките рибари. Нивните чевли имале врвци за да може да бидат стегнати и прилагодени за стапалото.
Така тој одлучил да направи комбинација од рибарските чевли и индијанските чевли и направил мокасини со врвци.
Врвците набрзо ја изгубиле практичната намена и станале само убав додаток.
Зошто старките имаат дупчиња од страна?
Дали сте знаеле дека тие екстра дупчиња на вашите старки всушност имаат намена?
Дупчињата му дозволуваат на воздухот да циркулира и им обезбедуваат вентилација на вашите стапала. Така тие нема да бидат испотени.
Зошто има шарени крукчиња на пакувањата на прехранбените продукти?
Речиси на секое пакување во супермаркетот ќе најдете шарени крукчиња и квадрати.
Всушност, тие не кажуваат ништо за храната, туку се ознака кои бои ги користел принтерот при изработка на обвивката.
С. С. | Црнобело