Пишува, црта, чека да го наследи тронот: Што прави принцот Чарлс во слободното време?
Кралицата Елизабета ја помина кралицата Викторија во најдолгото владеење на монарх и изгледа како да користи некој еликсир кој ѝ дава сила с èуште да ги врши сите кралски должности.
Тоа значи дека нејзиниот наследник, принцот Чарлс, мора да најде некои други активности со кои ќе си го исполнува времето.
Што прави принцот Чарлс по цел ден?
Пред да кажеме кои се главнити активности на принцот, прочитајте неколку факти за неговиот животен стил:
Иако е наследник на престолот, тој не е целосно финансиски издржуван од државата, тој треба да ги заработи парите кои ги добива. Но, тоа е сепак лесно поради многуте недвижнини кои ги поседува на негово име.
Неговата работна позиција е да биде национален идентитет и да ги убедува државјаните дека државата е стабилна и дека тие имаат сигурност.
Еве кои се главните активности на принцот наследник:
1. Многу хуманитарна работа
Принцот има околу 14 хуманитарни организации кои ги поддржува, од кои 13 самиот тој ги основал. Една од организациите е Кралско училиште за уметност во кое дава стипендии и менторство на студенти кои имаат уметнички потенцијал.
Друга организација служи за реставрирање и зачувување на историски градби, трети за екологија и уште многу други.
Името на принцот исто така стои и на околу 400 други хуманитарни организации каде што тој е претседател. Неговиот интерес најмногу е насочен кон организациите за агрокултура и екологија, така што на другите, неговото име стои поради други причини.
2. Ја претставува кралицата и прифаќа подароци во нејзино име
Ако кралицата е зафатена и не може да се сретне со некои важни личности, принцот Чарлс оди на нејзино место.
Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила годиншно се домаќини на околу 6.000 важни гости во нивните кралски резиденции, присуствуваат на околу 100 семинари и вечери одржани во нивно име и често патуваат во странство поради бизнис причини.
На нивните патувања, исто како и кралицата, тие често треба да прифаќаат и да добиваат многу чудни подароци за добредојде. Кралското семејство нема официјално откриено што прави со подароците кои ги добиваат.
Голем дел од кралскиот живот е посетување на места. Посетување и мавтање со рака. Посетување на училишта, нови места за бизнис, отварање железнички станици и слично.
3. Ги издржува неговите синови
Сите родители ги подржуваат своите синови, но кралскиот начин сепак е поразличен. Официјалната бројка која е позната пред јавноста која Чарлс им ја дава на своите возрасни синови е 1 милион фунти годишно.
4. Пишува книги
Принцот Чарлс е невообичаено заинтересиран за екологијата. Тој има напишано две книги на темата „Хармонија: Нов начин на гледање кон светот“.
Во 1980-та година тој исто така напишал и детска книга која приказна порано им ја раскажувал на своите помали браќа Ендру и Едвард. Книгата се вика „The old man of Lochnagar“, а приказната е за стар човек кој очајно бара мир, тишина и топла бања.
Книгата има и свој анимиран филм во кој принцот е наратор, а подоцна истата добила и балетска изведба.
5. Црта
Чарлс има добро око за уметност и секако за правење пари. Лимитиран број на официјални копии од неговите уметнички слики можете да ги купите за цена од 2.500 фунти. Во 2013 година, околу 130 дела на принцот биле изложени во онлајн галерија.
6. Се бори против климатските промени
Принцот има голема страст за чување на природата. Неговата најпозната изрека е „Ако сакаме да ја одржиме нашата цивилизација, тогаш мора да се грижиме за планетата земја“. Кога неуспешно ја браниме земјата, неуспешно го браниме човештвото.”
7. Чека да го наследи тронот
На 9-ти семптеври, 2015 година кралицата Елизабета стана најдолго владејачкиот монарх и го помина рекордот на кралицата Викторија. Но, принцот Чарлс сега има 69 години, и неодамна го помина рекордот за најдолго време на чекање за наследник на тронот.
Кога сепак ќе го наследи тронот, тој ќе биде најстариот крал што некогаш го наследил тронот, иако анкетите покажуваат дека принцот Чарлс е најнепосакуван член од кралското семејство и јавноста повеќе би сакала неговиот син Вилијам да ја наследи титулата.
Голема улога за ова игра неговото неверство кон саканата принцеза Дијана и исто така непопуларноста кај народот на неговата сопруга Камила.
А. В. | Црнобело