10 причини зошто постарата сестра е највредното нешто што го имате во животот

Таа е секогаш на ваша страна, не ве осудува, но во лице ви ги кажува работите што ги мисли.

10-prichini-zoshto-postarata-sestra-e-najverdnoto-neshto-shto-go-imate-vo-zivotot-01.jpg

Се разбира, секој има свое мислење дали е подобро да се има брат или сестра, па ако е сестра, дали е подобро помлада или постара, но едно е сигурно – прекрасно е да се има некој на кој ќе можете да сметате дека ќе биде тука за вас до крајот на животот.

Ние се одлучивме да се концентрираме на причините зошто е добро да се има постара сестра:

1. Секогаш е чекор напред

Таа ви го поплочи патот и пред вас ги мина сите замки на растењето и односот со родителите.

Научи како да ги балансира работите и да биде вистински мајстор за извлекување, а сега тоа ви го пренесува и вам.

2. Нејзиниот гардеробер е подобар од вашиот

Кога бевте мали, сигурно се лутевте што моравте да ја носите старата облека на вашата сестра. Дури во тинејџерските години сфативте дека нејзиниот гардеробер всушност е сјаен и во него се кријат низа парчиња совршени за вас.

Иако понекогаш приговара кога сакате да ѝ позајмите некое парче облека, на крајот, таа секогаш прифаќа.

3. Искрена е

Кога другите не ви ја кажуваат вистината, вашата сестра е секогаш тука сè да ви каже во лице затоа што таа и не знае поинаку.

4. Можете да учите на нејзините грешки

Сите класични грешки кои ги правиме за време на растењето, таа ги има направено пред вас, па сега останува само да учите од нејзините искуства.

5. Таа е вашата „карта“ за во светот

Скептичните родители ве пуштаат да излезете до подоцна или да отпатувате во странство само ако постарата сестра е со вас.

10-prichini-zoshto-postarata-sestra-e-najverdnoto-neshto-shto-go-imate-vo-zivotot-02.jpg

6. Знае како да ве доведе во ред

Сите понекогаш непотребно драматизираме.

И додека вашите пријателки најчесто ги трпат вашите драми без збор, вашата постара сестра нема нерви за тоа, па веднаш ве доведува во ред со неколку строги, едукативни реченици во сестрински стил.

7. Никогаш не ве осудува

Се разбира, дека многу пати не се сложува околу постапките што ги правите, но таа никогаш не ве осудува.

8. Секогаш е на ваша страна

Без обѕир на сестринските кавги и несогласувања, во моментите кога ви е потребна нејзината поддршка, таа е секогаш безрезервно на ваша страна, онака како што само сестрите знаат.

9. Може да ве расположи за секунда

Ве знае од првиот ден на вашиот живот. Гледала како растевте и свесна е што ве прави среќни, а што ве растажува.

Како да има телепатски способности и во вистинскиот миг знае што да каже и да ви измами насмевка на лицето.

10. Без неа не можете да ги издржите семејните собири

Заедно се досадувате, се удирате со нога под маса кога еден член од вашето семејство по 100-ти пат ја раскажува истата „забавна“ анегдота.

Исто така, ви скокнува на помош кога треба да ги одговарате здодевните прашање за мажење и деца.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg