Девојка патува гола ширум Австралија за да докаже дека голото тело не е сексуално (фото)
Таа е висока, слаба, русокоса и гола... Па не е воопшто чудно што на Инстаграм има повеќе од 80.000 следбеници.
Холанѓанката Sterre има 21 година и патува ширум Австралија гола за да докаже дека „да се биде гол не е ниту чудно, ниту сексуално“.
Позира покрај карпи, базени, плажи и шуми сосема гола. Понекогаш носи шапка или ранец како додатоци.
Сепак, чудно е што во акцијата да покаже дека голотијата не е сексуална таа на сите фотографии користи хаштази како #sexygirl и #sexy.
Sterre вели дека за овој проект била инспирирана од „Get Naked Australia“. Овој Инстаграм профил има 220.000 следбеници и прикажува луѓе како позираат голи ширум цела Австралија.
„Штета е што не секој може да го види задоволството од тоа да се биде гол на несексуален начин. Голотијата ги вознемирува другите луѓе.“, вели Sterre.
Таа сака да шири позитивност и сплотеност со природата.
Еве дел од нејзините најнови фотографии на Инстаграм:
С. С. | Црнобело