Каде и што прави денес ќерката на Стив Џобс, Лиса Бренан Џобс?
Стив Џобс ја добил својата прва ќерка, Лиса Бренан Џобс кога имал само 23 години. На почетокот одбивал да прифати дека таа е негово дете.
Откако по налог на судот морал да направи тест за татковство, Џобс ја признал Лиса. Подоцна во животот признал дека едноставно не бил спремен да биде татко.
Стив Џобс можеби е легенда во светот на техологијата и бог на иновацијата и брендирањето, но оние кои имале блиски врски со него не секогаш го гледале во такво светло. Всушност, најголемата штета ја претрпеле неговата девојка Кристен Бренан и нејзината ќерка Лиса.
Дури и откако тестот за татковство потврдил дека тој е татко на Лиса, Џобс продолжил со години да ги негира тие резултати.
Пред неговата смрт, тој прифатил финансиска одговорност и им се извинил на двете Бренан девојки. Лиса го добила неговиот благослов да го додаде презимето Џобс и официјално станала Лиса Бренан Џобс.
Но каде е денес ќерката на Џобс, Лиса, после толку години?
Како што се опишува во филмот за Џобс, таа живеела со нејзината мајка голем дел од нејзиниот живот. Иако Џобс не ги издржувал финансиски, тој на неговиот прв компјутер му го дал името Лиса.
Стив Џобс на почетокот негирал дека компјутерот е именуван по неговата ќерка, туку дека Лиса значи Локална интегрирана системска архитектура.
Со тек на времето, Џобс сепак признал дека компјутерот е именуван по неговата ќерка. Подоцна во неговиот живот, Лиса и Џобс оформиле некој вид на врска, па таа живеела со него одреден период од нејзините тинејџерски години.
Комбинацијата на гени и презимето Џобс ѝ помогнало на Лиса да стекне репутација како почитуван писател. Таа дипломирала на Универзитетот Харвард на отсекот новинарство во 2000-та година.
Додека студирала на Харвард, пишувала текстови за универзитетското списание. Таа пишувала за студентските форуми, консумацијата на алкохол, исхраната на кампусите и слично.
Откако димпломирала, таа продолжила да пишува. Нејзиното онлајн портфолио покажува дека таа има напишано неколку текстови за The Los Angeles Times, The Oprah Magazine, The Southwest Review, Vogue и многу други, но портфолиото не е ажурирано од 2009 година.
Има напишано и неколку есеи за нејзиниот блог во кои пишува за патување, храна и нејзиното детство.
Нејзиниот татко многу ретко го споменува во нејзините текстови.
Лиса Бренан Џобс живее изолиран живот. Нема профили на социјалните мрежи и многу ретко дава интервјуа. Она што најмногу може да се открие за нејзиниот живот е преку филмот за Џобс од 2015 година во кој таа учестувала во создавањето на сценариото.
Лиса Бренан Џобс, поминала некое време раскажувајќи го својот дел од приказната со Ерон Соркин пред тој да го напише сценариото за филмот за Џобс.
Токму разговорите со Лиса му ја промениле целата идеја за тоа како тој сака да го претстави Стив Џобс во неговиот филм.
Лиса не разговорала со авторот на книгата за Џобс, затоа што тогаш нејзиниот татко сè уште бил жив, но сакала да разговора со Ерон Соркин.
Некои од приказните не го прикажувале Џобс во добро светло, меѓутоа таа на крајот од раскажувањето секогаш потенцирала дека и покрај сè, нејзиниот татко навистина имал многу љубов за неа.
Но и покрај големата улога на Лиса во филмот за Џобс, таа не сака да биде во центарот на внимание. Лиса денес живее во Њујорк и работи како писател - фриленсер.
Кога ја прашале во едно интервју зошто не продолжи по стапките на нејзиниот татко во светот на технологијата, таа рекла дека Џобс секогаш ги оставал неговите деца самите да одлучат со што сакаат да се занимаваат во животот и што ги прави среќни.
По смртта на Џобс, Лиса наследила мултимилионско богатство.
А. В. | Црнобело