Пози за фотографирање во кои ќе изгледате како ѕвездите на црвениот тепих
Многу професионалци работат на сликите и позирањето на славните за тие да изгледаат совршено на фотките.
Затоа тие изгледаат многу помладо и успешно успеваат да ги прикријат недостатоците или пак вишокот.
За да го постигнат тоа тие користат одредени пози со кои загарантирано изгледаат прекрасно.
Ако сакате и вашите фотки да бидат како да позирате на црвениот тепих, ова се позите кои треба да ги практикувате:
Поза: Чајник
Класична и женствена поза – едното рамо е малку поткренато, а спротивната рака ставете ја на половината.
Не ја практикувајте ако: рамената ви се многу тенки.
Поза: Песочен часовник
Застанете полусвртени со едната рака ставена на половината, а другата спуштена покрај телото и со малку вкрстени нозе една пред друга. Со оваа поза ќе ги истакнете облините, ќе ги издолжите носете и сокриете недостатоците.
Поза: Чекор назад
Иако оваа поза е малку неприродна, сепак додава динамика и создава впечатлива линија на телото, плус ги издолжува нозете.
Не ја практикувајте ако: носите долго здолниште и нозете ви се скриени, тогаш ќе се создаде спротивен ефект.
Поза: Анџелина
Оваа поза наречена по Анџелина Џоли е една од најпопуларните. Извадете ја ногата од шлицот, а спротивната рака ставете ја на половината. Оваа поза е често користена бидејќи совршено го истакнува аутфитот и ги издолжува нозете.
Не ја практикувајте ако: фустанот не е еднобоен, ако шлицот не е висок и ако сте ниски.
Поза: Двете раце на половина
Оваа поза покажува 100% самодоверба во вас и вашиот изглед. Двете раце ставете ги на половината, благо поткренете ги рамената, а едната нога свиткајте ја во коленото. Со оваа поза се истакнува формата на телото и визуелно ја намалува половината.
Поза: Чекор нанапред
Оваа поза која е карактеристична за Викторија Бекам е впечатлива и привлечна, а изгледа добро од двете страни. Застанете полу завртени кон камерата, стоејќи цврсто на ногата која ќе ја ставите назад и наведнати на страната на таа нога што ќе ви стои напред малку искривена.
Не ја практикувајте ако: имате тело со облик на круша (широки колкови и тесни рамена).
Уште 5 пози на следната страна...
Би можело да ве интересира:





