Пози за фотографирање во кои ќе изгледате како ѕвездите на црвениот тепих
Кралска поза со поглед наназад
Елегантна поза која изгледа како да е создадена за фустани со гол грб. Направете слика како да си заминувате, а потоа свртете ја благо главата настрана и погледнете во камерата.
Не ја практикувајте ако: не носите фустан со гол грб.
Поза: Преклопени раце
Можеби изгледа на скромна поза, но сепак изгледа прекрасно, а плус можете да го истакнете маникирот или модерната плик чанта. А, ако имате скромен краток фустан, нозете визуелно ќе се издолжат и истенчат.
Поза со акцент на страничниот дел на телото
Нозете се раширени, рамената исправени, а телото благо свртено настрана оваа поза е одлична за краток или деловен аутфит.
Не ја практикувајте ако: носите краток и тесен фустан или здолниште.
Поза со поглед преку рамо
Поглед преку рамо е исто така популарна поза уште од многу одамна, откако се појавиле фустаните со отворен грб во ’20-ите години. Ги истакнува колковите, а заводничкиот поглед го прави своето.
Не ја практикувајте ако: немате совршена фигура.
Поза: Спуштени раце
Изгледа на едноставна поза која не привлекува внимание, но е одлична за да го покажете целосниот аутфит без да пречите со непотребни гестикулации.
Не ја практикувајте ако: носите кратки здолништа или ако сте ниски.
М. М. | Црнобело