3 совети кои ќе ви помогнат да се справите со животните промени
Големите промени, позитивни или негативни, можат многу да влијаат врз нашето секојдневие.
Кога одеднаш ќе го смениме начинот на живот или ќе ни се случи нешто што целосно ќе ни го промени секојдневието, може да дојде до дезориентираност, конфузија и страв како ќе продолжиме понатаму.
Поради тоа, потребно е да одржиме емотивна рамнотежа и да не дозволиме да паднеме со духот и расположението.
Следниве 3 совети ќе ви помогнат полесно да ги надминете животните промени и да не западнете во криза:
Не претпоставувајте дека целосно разбирате како функционираат промените во животот, дури и ако сте читале и знаете сé за тоа
Ако поминувате низ вообичаена промена, како на пример преселување во друг стан или оформување семејство, важно е да знаете дека ќе ја поминете на свој сопствен начин.
Не според упатствата и советите кои сте ги читале или според тоа како вашите пријатели се справиле со тоа. Самите ќе одлучите како да се однесувате и како да реагирате на тоа.
Дефинирајте ги промените според вашата перспектива
Секој ден одвојте 10 до 15 минути за да ги опишете вашите реакции на промените и кризите со кои се соочувате. Запишувајте клучни зборови кои најдобро ги опишуваат вашите емоции во тие моменти.
Размислувајте за ова и менувајте го одвреме-навреме, како што ќе навлегувате подлабоко во сето тоа.
Имајте на ум дека вашето животно искуство влијае и на најблиските околу вас
Иако вашето искуство е единствено, вашата реакција на тоа влијае на најблиските луѓе околу вас.
Бидете свесни за тоа што семејството, пријателите и колегите го доживуваат како резултат на вашиот распоред на приоритети, промените низ кои поминувате и одлуките кои го носите. Вклучете ги и вашите најблиски во овие одлуки, особено ако се однесуваат на нив.
М. В. | Црнобело