Ако работите со луѓе, ставете огледало зад вас: Психолошки трикови кои ќе ви бидат од корист
Психолошките трикови потсвесно влијаат на нашата психа, па може секогаш да ви бидат од корист ако знаете некоја техника плус.
Помагаат да се смирите во ситуации кога сте нервозни, кога се запознавате со некого, кога имате трема и во многу други моменти.
Многу од нив се ефективни и проверено функционираат, па прочитајте ги следниве техники и почнете да ги практикувате:
Кога повеќе луѓе се смеат, секој погледнува во оној кој му е најсимпатичен
По успешна шега или за време на дискусија во друштво, сите инстинктивно погледнуваат во личноста која им е најсимпатична.
Затоа, ако сакате да го забележите односот помеѓу луѓето и кому вие сте најсимпатични, подгответе неколку шеги за следната собиранка.
Ако сте нервозни – џвакајте
Пред важен разговор, настап или настан кој ве прави нервозни, земете гума за џвакање или некоја грицка/благо или било каква храна.
За времe на џвакањето мозокот смета дека не е во опасност, бидејќи никој не би јадел во опасна ситуација и полесно се опушта и релаксира.
Праќа сигнал кој ја опушта тензијата и ви помага да се смирите.
Директен поглед ќе ви помогне да извлечете секаква информација
Ако одговорот на соговорникот не ви се допаѓа или мислите дека крие уште нешто што не го кажал, продолжете да го гледате директно во очи без да зборувате.
Во таква ситуација, тишината ќе стане неподнослива и соговорникот ќе почне да зборува и ќе ви каже сѐ додека вие не го сопрете.
Замислете си дека соговорникот (работодавач/професор) ви е стар пријател
Ако сакате да немате трема кога полагате усен испит или кога сте на интервју за работа, замислете си само дека соговорникот спроти вас ви е пријател кој не сте го виделе долго време.
Така ќе бидете посмирени и полесно ќе можете да одговарате на прашањата кои ви ги поставуваат.
Ако често работите со луѓе, ставете огледало позади вас
Ако често комуницирате со различни луѓе на работното место, ставете позади вас мало огледало.
Ќе се изненадите колку многу колегите и клиентите ќе се однесуваат културно.
И тоа само заради фактот што никој не сака да се види себеси нервозен.
Ако мислите дека некој ве гледа, почнете да се проѕевате
Зевањето е многу заразно и доволно е само да ве погледне некој додека се проѕевате и да се свртите наоколу да видите кој ве следи.
Тој што гледал во вас, најверојатно исто така ќе зева.