Што може да ви се случи ако не личите на сликата од пасошот?
Ретко кој си се допаѓа на сликите на пасошот. Факт е дека во живо сме поубаво и не личиме баш најмногу на тоа какви сме.
Но, постојат луѓе кои воопшто не личат на сликите, па тоа им создава проблеми во секојдневието. Таков е случајот со три жени од Кина кои биле запрени на аеродром бидејќи воопшто не изгледале како на сликите во пасошите.
Трите жени, кои наводно се од Кина, биле фотографирани на аеродромот во Јужна Кореја пред да се вратат дома.
Жените, кои направиле пластични операции на делови од лицето кратко време пред да стигнат на аеродромот, имале отоци и биле врзани со завои. Вработените на аеродромот побарале доказ за идентитетот, бидејќи тие воопшто не личеле на сликите во нивните пасоши.
Во последниве десетина години, многу жени од Кина патуваат во Јужна Кореја за да направат пластични операции бидејќи таму се поевтини. Тие вадат виза за „здравствени цели“ за да можат да ги направат операциите.
Според статистиките, повеќе од 600.000 жители на Кина отпатувале со ваков тип виза во 2016-тата, а 99.000 од нив отишле во Јужна Кореја.
Ова не е првпат вработените на аеродром да бараат проверка на идентитет на некој кој не наликува на сликата на пасошот. Кралот на пластичните операции, Родриго Алвеш, познат како „човечкиот Кен“ - , пред неколку години бил запрен на аеродромот во Дубаи каде бил задржан речиси 3 часа.
М. В. | Црнобело