Том Круз носи танга на акробатски сцени: Трикови со кои се служат актерите
Лесно е да ги гледаме нашите омилени филмови и актерите кои се целосно внесени во нивните улоги и ни ги пренесуваат оригинално.
Нивната глума речиси секогаш изгледа совршено кога станува збор за добри филмови и професионални актери.
Но, дали сте помислиле колку е тешка нивната задача? Колку е тешко да направат да поверувате во нивните солзи, во нивната љубовна хемија, емоции и да ни го пренесат сето тоа на најдобар можен начин?
Секако, не е воопшто лесно, но сепак тие имаат некои трикови со кои се служат, а ние ви откриваме кои се тие:
Ментол-кристали за присилно расплакување
Кога актерите ќе се внесат во улогите, веднаш можат да изразат било каква емоција – среќа, тага или гнев. Но, не е толку лесно кога се работи и за солзи.
Некои актери успеваат природно да заплачат сеќавајќи се на некои тажни моменти, други не трепкаат долго време, а трети пак користат ментол-кристали и капки за да пуштат солза.
Вежби за правење гримаси
За да ја пренесат и изразат секоја емоција во секој момент, мускулите на лицето мора да бидат релаксирани. Затоа, пред снимање сцени, актерите ги загреваат мускулите за да бидат релаксирани и опуштени.
Истото важи и за загревање на гласот.
Медитација за смирен ум
За да го „оживеат“ и прикажат најдобро ликот кој го глумат, актерите мора да бидат релаксирани и смирени. Еден од најдобрите методи е медитацијата. Бенедикт Кaмбербач откри дека тој практикува медитација за да се фокусира и да го смири умот.
Емоционално подготвување и изедначување со ликот
Актерите честопати се обидуваат емоциите на ликот да ги предизвикаат и кај себеси за луѓето да поверуваат дека чувствата им се вистински. За да се подготви емоционално, Адриен Броди во The Pianist, тој го продал станот, раскинал со девојка му и бил сам одреден период.
Идентификување на актерите со ликот
За некои улоги да бидат совршено одглумени, прво актерите треба да се изедначат со нивниот идентитет и начин на живот. Џаред Лето се обидел многу да го разбере животниот стил на Џокер во Suicide Squad.
Тој ѝ дал на Марго Роби жив зајак, поминувал време со психопати и ја плашел екипата на снимања. Toj вели дека навистина се задлабочил во улогата.
Техники за бакнување
Актерите понекогаш не сакаат да се бакнуваат, но не секогаш мора да го прават навистина тоа. камерата може да биде наместена во агол од каде што ќе се создаде илузија за бакнување.
Поставување на дланката на образот на партнерот додава многу повеќе емоција на сцената, а со тоа ќе ги покријат усните кои само се доближени, а не допрени. Нема магија, само техники.
Инспирација од вистински филмови
Актерите исто така гледаат филмови за инспирација. Режисерот на La La Land побарал од цел тим да ги изгледаат неколкупати Singin’ in the Rain и Top Hat за да ја почувствуваат магијата на мјузиклот и да земат инспирација за како сето тоа треба да изгледа.
Комфорот пред сѐ
Комфорот е најважното нешто бидејќи актерите треба да се чувствуваат удобно за што подобро да одглумат, посебно кога сцената треба да се повтори повеќепати.
Сите актери имаат свои барања кои се однесуваат на храна, престој и распоред. Но, барањето на Том Круз можеби е најчудно – тој сака да носи танга кога глуми во акробатски сцени бидејќи така бил пофлексибилен.
Тајни за голите сцени
Не секогаш, но понекогаш кога мислите дека актерите се голи, тие всушност носат специјална долна облека со боја на кожа, а сето тоа е прикриено и со добра шминка на местата каде што треба да се даде фокус за да се одземе вниманието од „голиот дел на телото“.
М. М. | Црнобело