Како ќе изгледавме и што ќе се случуваше ако Земјата беше двапати поголема?
Нашата планета е полна со зачудувачки настани и природни непогоди коишто го менуваат ликот на Земјата секојдневно. Но, иако секојдневно гледаме најразлични шпекулации, едно нешто е сигурно, а тоа е дека големината на планетата Земја секогаш останува иста.
Но, што би се случило со животот на Земјата доколку планетата наеднаш нарасне 2 пати во својата големина?
Нашата тежина би се зголемила
Ако двојно се зголеми дијаметарот, а густината на Земјата остане иста, тогаш масата на планетата ќе порасне и гравитацијата ќе биде двојно посилна.
Тоа ќе значи дека вашата тежина веднаш двојно ќе се зголеми. Ова особено ќе им пречи на оние коишто се обидуваат да држат диета.
Ќе станеме пониски
Со текот на времето нашите ’рбети ќе станат понабиени затоа што постојано гравитацијата ќе ги влече надолу, а со тоа разни видови на живи суштества ќе станат покуси. Тогаш човекот буквално би бил „приземјен“.
Ова е истата причина заради која астронаутите, кога се во вселена подолго време можат да пораснат и по 5 см во висина. Помалата гравитација дозволува да се прошири просторот помеѓу ’рбетните пршлени.
Кога се враќаат на земјата, за брзо време и нивната висина се враќа во нормалата, а вселенските скафандри се специјално дизајнирани за да можат да се прилагодат на оваа промена.
Нема да бидеме толку добри спортисти
Луѓето ќе станат многу побавни. Ќе биде многу тешко да се оди или да се скока, а камо ли па да се трча. Многу побрзо ќе се заморуваме и ќе ни треба подолго време за да се одмориме потоа.
Се разбира дека со текот на времето нашите коски и мускули ќе станат посилни за да ја издржат поголемата тежина на телото предизвикана од гравитацијата, но сепак тешко дека ќе можеме да ги подобриме сегашните рекорди во спортските дисциплини.
Животните ќе изгледаат многу поинаку
Ќе се забрза еволуцијата и ќе настапи природната селекција. Во глобала и животните би станале пониски и понабиени. Малите животни ќе бидат помалку засегнати од оваа промена, бидејќи трошат помалку енергија за да се движат.
Паѓањата од дрвја или повисоки места би имале многу посериозни последици, па така животните коишто се качуваат на нив ќе мора да развијат подобри екстремитети за да се држат поцврсто.
Дрвјата ќе паѓаат
Има граница колку високо може да израсне едно дрво, а таа се разбира е поставена од гравитацијата. Просто кажано, дрвото ќе продолжи да расте сè додека има повеќе енергија добиено со фотосинтеза, отколку енергијата која ја троши за да ја однесе водата до врвот на дрвото.
Зголемената гравитација ќе го наруши овој баланс и ќе биде потребна повеќе енергија за да се однесе водата до врвот на дрвото. Високите дрвја најверојатно ќе се урнат, а новите дрвја нема да растат толку високо.
Вулканите би еруптирале
Количеството на нестабилни елементи во Земјината топка ќе се зголеми со зголемувањето на нејзината маса, таа ќе доведе до зголемено загревање на јадрото и зголемена вулканска активност. Заспаните вулкани низ целиот свет ќе се активираат за прв пат после илјадници години.
Лицето на двојно поголемата земја драматично би се променило, со оглед на целата таа вулканска активност и на многу места ќе се појави ново копно. Исто така ќе се смени и климата како резултат на гасовите од ерупциите кои влијаат на атмосферата.
(O)Милена | Црнобело