Свири пијано, пее и слуша песни на iPod: Kаква музика обожава кралицата Елизабета?
Конечно е откриено кои се омилениот бенд и песна на славната британска кралица, односно музичките правци што таа најмногу ги претпочита.
Во последните години дознавме сѐ за чевлите и чантите на британската кралица Елизабета Втора.
Понатаму, читавме за животниот стил што таа го негува, од чоколадната торта која постојано ја носи на патувањата, до тајната за квалитетен кралски сон – со чашкa фин шампањ пред одењето во кревет.
Серијата „The Crown“, пак, ни откри и многу нови информации за нејзиниот брак со принцот Филип.
Но, досега речиси ништо не се знаеше околу музиката што кралицата обожава да ја слуша.
Добро упатените извори тврдат дека кралицата има два iPod-и, од кои едниот го доби на подарок од брачниот пар Обама.
Па, кои се мелодиите во кои ужива нејзиното височество?
Новата книга со наслов „My Husband & I“, открива повеќе ексклузивни детали за префинетиот музички вкус на кралицата.
„Таа е голем обожавател на мјузикли, традиционални химни и шкотски балади.“, пишува кралската биографичарка Ингрид Сувард.
Авторката на најновата биографија за кралицата сподели и една неочекувана музичка вест. Елизабета Втора обожава да ja слуша групата Beach Boys, а посебно драга ѝ е песната „California Girls“.
Oсвен нив, со задоволство ќе го послуша и Елтон Џон, а љубителка е и на воена музика.
Во миговите кога не слуша музика, кралицата љуби и самата да ја создава :
„Таа свири на пијано и има совршен глас за пеење.“, заклучува Сувард.
М. А. | Црнобело