10 одговори на прашањата кои отсекогаш ве интересирале, но ве мрзи да ги гуглате

Обично децата се оние кои имаат милион прашања за сè и сешто, секој ден. Но, има работи што и возрасните не ги знаат, а би сакале да ги дознаат, само што немаат време да се задлабочуваат во мислење и барање на одговорот.

 10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-01.jpg

Во продолжение дознајте ги одговорите на прашањата што ве мачат, а ве мрзи да ги барате на Google:

Зошто сопствениот глас ни звучи различно кога зборуваме и кога го слушаме на снимка?

Кога си го слушаме гласот на снимка, звучните бранови од звучниците патуваат низ воздухот до нашите уши. Тогаш го слушаме нашиот глас како што другите го слушаат. Кога зборуваме, го слушаме звукот кој излегува од нашата уста и вибрациите произведени од гласните жици кои патуваат низ нашата глава.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-10.jpg

Зошто имаме главоболка кога јадеме или пиеме нешто ладно?

Сигурно сте забележале дека кога јадеме сладолед или пиеме ладна вода понекогаш нè заболува главата. Ова се случува поради наглото ширење и стеснување на крвните садови во вилицата, што се јавува како реакција на ладно.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-02.jpg

Зошто кога јадеме лимон ги затвораме очите?

Овој рефлекс всушност ги заштитува очите од капките на лимонот кои се распрснуваат при цедење и може да предизвикаат иритации.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-03.jpg

Зошто сонцето ја потемнува кожата, а ја осветлува косата?

И во двата случаи, сонцето го уништува пигментот наречен меланин задолжен за промени на бојата на кожата и косата. Бидејќи кожата е „жива“, таа реагира на начинот на кој сонцето го уништува меланинот и тој почнува да се произведува во големи количини, па поради тоа кожата станува потемна.

Косата, за разлика од кожата, не е „жива“ и не реагира на ваков начин, па меланинот не ѝ дава боја на косата, туку таа станува посветла (губи од бојата).

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-15.jpg

Зошто прашината на бела тастатура е црна, а на црна тастатура е бела?

Прашината всушност има сива боја. Но, бидејќи е многу ситна, не ја забележуваме вистинската боја, туку само нијанси кои се посветли или потемни од она на кое се насобрала.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-05.jpg

Зошто изворите и потоците жуборат?

Ваквите звуци се јавуваат поради тоа што воздушните меурчиња во водата пукаат. Поради тоа има различни звуци кои ги слушаме од изворите, потоците и реките.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-06.jpg

Зошто стрелките на часовникот се движат од лево кон десно?

Во минатото, кога не постоеле часовници како што има денес, времето се прикажувало преку стрелки во насока на сенката на сонцето, која на северната хемисфера била од лево кон десно.

Токму на северната хемисфера биле измислени и модерните часовници, какви што користиме денес.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-07.jpg

Зошто се зема крв од домалиот прст?

Ако се земe крв од палецот или малиот прст, може да дојде до инфекција поради тоа што тие се директно поврзани со крвни садови по должината на целата рака.

Поради тоа што домалиот прст најмалку се користи, кожата е најтенка, раната најмалку боли и брзо се губи раната од боцкањето.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-08.jpg

Зошто кожата ни се ежи?

Овој феномен се случува поради контракцијата на мускулите и на фоликулите на влакната кога сме изложени на ладно. Ова сме го наследиле од животните.

Кога животните се изложени на ладно или се исплашени, влакната на крзното им се накострешуваат. Уште една причина е и потсвесното креирање на адреналин во ситуации кога чувствуваме страв или возбуда.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-09.jpg

Зошто очите не можат да замрзнат на ниски температури?

Нашите очи не содржат рецептори кои реагираат на промени на температурата. Поголемиот дел од очните јаболка е сместен во черепот, па големиот доток на крв ги затоплува очите.

10-odgovori-na-prashanja-koi-ve-mrzi-da-gi-prebaruvate-na-google-11.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи „Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg