Држави во кои иселениците заработуваат повеќе отколку што заработувале дома
Луѓето кои се иселуваат од родната држава тоа го прават најчесто од финансиски причини и тоа во земји во кои има повисок животен стандард.
Тие се надеваат дека таму ќе им биде подобро и ќе имаат подобри услови за живеење за нив и нивните деца.
Глобалната мрежа за иселеници InterNations спроведе истражување во кое ги спореди платите кои ги земаат иселениците во државата во која живеат и платите кои ги земале во родната држава.
Резултатите од истражувањето освен што покажаа дека 60% од иселениците заработуваат многу повеќе отколку што заработувале во родната држава, покажаа и дека во некои земји платите на иселениците се дури и повисоки од платите на населението во таа земја.
Еве во кои држави најмногу се разликува заработката на иселениците во споредба со заработката дома:
Сингапур
Дури 62% од иселениците во Сингапур сметаат дека земаат повисоки плати од платите кои би ги земале во нивните родни земји на истото работно место.
Норвешка
72% од иселениците во Норвешка сметаат дека платите им се повисоки од платите дома, а 33% сметаат дека разликата помеѓу платите на двете места на иста работна позиција е огромна.
Дополнително на ова, Норвешка се смета за земја со најдобар баланс помеѓу приватниот живот и работата.
Обединети Арапски Емирати
Повеќето луѓе кои се иселиле во Обединетите Арапски Емирати се многу задоволни со тоа колку заработуваат. Околу 71% од иселениците сметаат дека разликата помеѓу платите таму и платите дома е огромна.
Но, 27% од нив сметаат дека тоа сепак не им е доволно за да ги покријат сите трошоци за живот во оваа држава.
Нигерија
68% од иселениците во Нигерија сметаат дека заработуваат многу повеќе отколку што заработувале во родните места, каде работеле слични професии.
Но, Нигерија е меѓу последните држави на листата за квалитет на здравството, безбедноста и транспортот.
Саудиска Арабија
87% од иселениците во Саудиска Арабија оцениле дека платите им се повеќе од доволни за сите животни трошоци, а 70% од нив сметаат дека заработуваат повеќе отколку што би заработувале дома.
Бахреин
Дури 70% од иселениците во Бахреин сметаат дека платите им се многу повисоки од платите во родните места.
93% од нив работат со полно работно време, што во просек е вкупно 42.9 часа неделно – помалку од глобалниот просек кој изнесува 44.3 часа неделно.
Кувајт
70% од иселениците во Кувајт сметаат дека платите им се повисоки од платите на истите работни места во родните земји.
Иселениците во Кувајт доаѓаат од посиромашни земји како што се Индија и Филипини, па тоа придонесува за овој висок процент.
Катар
Катар е сè попопуларна дестинација за работа каде има иселеници од многу држави, вклучувајќи ја и нашата. 76% сметаат дека заработуваат многу повеќе отколку што би заработувале работејќи ја истата работа во родната земја.
Но, голем дел од нив велат дека тоа сепак не може да ги задоволи сите трошоци, а како многу скапи ги оценуваат кириите во становите каде што живеат.
Швајцарија
77% од иселениците во Швајцарија сметаат дека заработуваат повеќе отколку што би заработувале на истото работно место дома.
Швајцарија има висок животен стандард, па 15% од иселениците се жалат дека тие пари не им стигнуваат за сè што е потребно.
Луксембург
Иселениците во Луксембург се прилично задоволни со тоа колку заработуваат. Дури 76% сметаат дека тоа е многу повеќе отколку во родните земји.
М. В. | Црнобело