Блогери се соживуваат со филмските сцени додека патуваат
Тиа Охман и Сату Валден се блогери од Финска, чија мисија е да ги фотографираат локациите на кои се снимале сериите и филмовите.
На нивниот Инстаграм профил може да се забележи дека поради „работата“ тие патуваат на ридовите на Северна Ирска, плажите на Барселона и уште многу други градови.
Една серија која најмногу е пресликана е Game of Thrones, благодарение на нејзините многубројни локации, a блогерите стојат на истите места како и актерите.
Иако многу фанови на серијата отишле во Дубровник или Ирска за да ги видат локациите, сепак она што ги прави овие блогери поразлични е тоа што тие целосно ја доловуваат сцената.
Тие ја отвараат сцената на iPad и со истата позадина прават фотографија која на уникатен начин го доловува местото.
Покрај локациите на оваа серија, тие посетиле и други филмски локации:
Погледнете поголем дел од нив:
М. М. | Црнобело