10 причини зошто немате многу пријатели
Сите познавате или сте налетале на некоја чудна личност во животот која за себе вели дека нема ниту еден пријател. Што всушност мислите за тие луѓе? Зошто немаат ниту еден вистински пријател покрај себе?
Причините за ваквата појава се многубројни, а доколку се препознавте и вие сте еден од тие луѓе, ова се 10-те најчести причини поради кои сте осамена „вејка на ветрот“:
Мирисате лошо
Звучи смешно, но е сосема вистинито. Никој не сака да биде пријател со некој кој не обрнува внимание на својата лична хигиена. Лош здив, мрсна коса, непријатен телесен мирис. Работите да станат уште полоши, за жал, не сте ни нешто особено по чистењето и домашната хигиена.
Кога домот ви е прекриен со слоеви прашина и неизмиени чинии кои ги собирате со недели, кога во секое ќошенце ве демнат пајажини, а по некаде се појавува и мувла, тешко е да викнете пријатели на гости и дружба и истите да сакаат да се вратат повторно. Или да ве повикаат кај нив.
Премногу озборувате
Озборувањето и трачот се сочен начин како да се помине едно попладне со пријателите, но сè треба да има граница. Кога наивното озборување станува опасно? Кога озборувате не само СО своите пријатели, туку ги озборувате НИВ!
Никој не сака „трачари“, барем не оној тип кои живеат само за сочен трач и муабет и не знаат да разговараат на ниту една друга тема освен за други луѓе.
Нетрпеливи сте
„Аман, каде си досега, чекам 5 минути веќе!“
„Добро, ќе се влечете како некои црева или ќе тргнеме конечно?! Полжави едни“.
Без оглед на годините и блискоста, едноставно мора да имате повеќе трпение со луѓето. Никој не сака бесен, гневен и нетрпелив пријател.
Не умеете да слушате
Ситуацијата обично се одвива вака: Пријателот се обидува да ви раскаже нешто сериозно или проблемот со кој се соочува, а вие го прекинувате на средината на реченицата обраќајки му се со зборовите: Ма кому кажуваш, а да видиш мене што ми се има случено.
И продолжувате со вашите проблеми и приказни. И никогаш не го дознавете крајот од приказната на пријателот.
Едноставно е – ако не сте добар слушател, не сте ниту добар пријател.
Заборавате на пријателите кога сте во врска
Во истиот момент кога си наоѓате дечко или девојка, за вас престануваат да постојат сите пријатели. Ги одбегнувате нивните повици и средбите со нив, бидејќи мислите дека љубовта е најважна и светот се врти околу вас.
Дечковците и девојките доаѓаат и си одат, добрите пријатели се вечно. Секогаш, без оглед на љубовниот статус, имајте време за нив и посветете им должно внимание.
Давате непотребни совети и критики
Се вадите на „картата“ дека сте искрени и не можете ништо да премолчите, а всушност давате совети кои никој не ви би бара и критики кои се најчесто неосновани или преостри. Преиспитајте се и избројте до 10 пред да кажете нешто.
Добриот пријател треба да е искрен, но не и брутално да ги крши срцата на другите. Давајте совет само кога сте замолени или запрашани за истиот.
Фалбаџија сте
Постојано зборувате колку сте успешни на работа, каде сте патувале, колку пари сте ги купиле чевлите. Ги омаловажувате работите на другите луѓе, ги гледате од некоја висина и премногу сте полни со себеси.
Никој не сака фалбаџии. Напорни сте и не е никакво чудо што немате еден вистински пријател со кого би го споделиле успехот.
Немотивирани сте и пасивни
Обратно од амбициозниот фалбаџија, вие сте немотивирани, неамбициозни и пасивни. Заглавени сте во истата рутина со години и се чудите што му фалеше на излегувањето во средно и зошто никој не сака да ги прави работите што ги правевте порано со друштвото.
Соочете се – луѓето растат, созреваат и се менуваат. И време е и вие да го фатите тој чекор.
Не го цените пријателството
Пријателството е инвестиција. Колку повеќе инвестирате во него, толку повеќе ви се враќа. А вие сте лош пријател. Како очекувате да имате добри пријателски врски?
Заборавате родендени. Не се трудите околу подароците или да им угодите на пријателите. Секогаш и секаде доцните. Немате време за нив. Не се интересирате кога се болни или кога имаат мака, ниту пак имате желба да ја споделите нивната среќа. Ретко нудите помош.
Не ги цените и не го почитувате пријателите. Не е никакво чудо што немате ниту еден човек кого може да го наречете другар.
Лажете
Вие сте вистински безмилосен лажго. Лажете за да изгледате подобро во нечии очи, лажете дека сте немале време да се видите, кога сте останале дома удобно сместени под покривачот.
Лажете кога велите дека некој може да смета на вас, а подоцна никој не може да ве најде ниту под дрво или камен. Лажговците не поминуваат никако во светот на пријателството. Напротив, остануваат сами со своите лаги како скапоцени лажни трофеи.
(O)Милена | Црнобело