Веренички фотки - копија на љубовните моменти на Мишел и Барак Обама
Мишел и Барак Обама за многу парови претставуваат инспирација уште од првиот момент кога се појавија заедно во политичкиот свет.
Нивната љубов стана интернационален феномен што секој посакува да ја има во животот.
Според тоа, пар од Кливленд, очигледно нивни обожаватели, одлучиле за вереничката фотосесија да направат копија од љубовните фотки на Мишел и Барак.
Во нивната фотосесија тие буквално вметнале пози кои се инспирирани од некои од најпознатите фотографии на Мишел и Барак Обама.
„Бидејќи ни недостасуваат премногу... Нашиот пар Кеси и Адам направи копија на позите на Мишел и Барак Обама во нивната вереничка фотосесија...“ - напиша фотографката која ги направила сликите и ги објавила на нејзиниот Инстаграм профил.
М. М. | Црнобело