Бакнеж, прегратка, ракување: Како се поздравувате со луѓето?

Среќавањето и поздравувањето со познаници честопати знае да нè збуни. Дали само да се ракуваме или пак да се прегрнеме и бакнеме?

shto-kazuva-stilot-na-pozdravuvanje-so-poznanicite-za-vas-01

Ракувањето отсекогаш било чин на заедништво, но пред некое време тоа беше заменето со наводно гламурозниот чин - бакнувањето „странци“.

Образ до образ – пудра, пот, мирис, здив... Бакнувањето влезе во мода преку тинејџерите во 90-тите години и иако се обидуваме да го исфрлиме, тешко оди.

Бакнувањето познаници стана нормално, а сега кога се обидуваме да се ракуваме наидуваме на изненадување кај другиот, претворање на ракувањето во бакнеж или пак шега на наша сметка дека сме станале многу формални.

Сепак, ракувањето доликува на возрасен човек и дефинитивно е подобро бидејќи правите контакт со очите и веднаш добивате впечаток за туѓото расположение, наместо да глумите модерна блискост.

Еве што кажуваат истражувањата за вас во зависност од начинот на кој се поздравувате со луѓето.

Три бакнежи

Истражувањата покажуваат дека со трите бакнежи сакате да направите луѓето да ве запомнат засекогаш. И ќе успеете во тоа.

Два бакнежа

Вие сте традиционални. Уживате во симетријата и балансот. Двојното бакнување е култура и должност за вас. Веројатно го задржувате здивот при тоа.

Еден бакнеж

Вие уживате да ги оставате луѓето во исчекување, сакате да погодуваат и благо да паничат. Контролата е ваша работа.

Бакнеж во воздух

Може сте пијани и ја промашувате целта или пак имате црвен кармин, па не сакате да им ставите трага на лицето, но ако не станува збор за тоа, тогаш сте срамежливи и социјално неадаптирани.

Прегратка

Вие само сакате да проширите малку љубов. Или тоа или сте перверзник, кој сака да ја искористи ситуацијата за интимно да ги допира луѓето.

Ракување

Вие најверојатно сте дистанцирани и често го користите зборот „граница“. Можно е да имате проблем со интимноста.

Ракоплескање

Вие сте некој кој постојано вложува труд. Тој труд можеби не секогаш е добредојден, но вие го правите без разлика на сė.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg