Популарни играчки кои може да им наштетат на малите деца

Преку играта, децата се развиваат подобро и учат нови работи за светот околу нив. Но, зависи за каква игра се работи.

popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-01.fw.jpg

Постојат играчки кои може повеќе да им наштетат, отколку да им помогнат, ако се работи за мали деца.

Овие играчки треба да ги избегнувате ако имате мало дете:

Играчки со пропелер

Хеликоптерите и другите играчки со пропелер се дизајнирани за деца над 10 години и тинејџери. Помалите деца немаат доволно вештини за да се справат со ваквите предмети и можат лесно да се повредат при вртењето на пропелерот.

Совет: Ако веќе мора, одберете играчки со пропелер од мека пластика, а краевите гледајте да не бидат остри.

popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-02.jpg

Сет за играње „доктор“

Децата сакаат да ги испробаат сите инструменти од „медицинскиот прибор“, а малите предмети може лесно да им се заглават во нос или да ги голтнат.

Совет: Барајте сетови кои не содржат мали делчиња, игли, ножици и слично.

popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-03.jpg

Мускули и гума за пливање

Ова не можеме да го наречеме играчка, но сепак е нешто што многу деца го користат во лето. Тие не обезбедуваат целосна заштита на децата во вода, бидејќи може лесно да се превртат или лизнат од нив. Исто така, некои од овие производи се неквалитетно изработени со супстанци кои може да предизвикаат иритација на кожата и други проблеми.

Совет: Ако мислите дека треба да ги користите, гледајте гумата и мускулите да бидат според стандардите за големината на детето – тежина, висина. Не ги оставајте да стојат на нив повеќе од половина час.

popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-04.jpg

Пиштоли на вода

Децата многу често не се придржуваат кон правилата кои кажуваат од колкава одалеченост може да се прскаат. Но, како резултат на тоа, голем млаз на вода или пена во водата, може да предизвика повреди на лицето, посебно на окото.

Совет: Купувајте играчки со дополнителна заштита.

popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-05.jpg

Балони

Додека децата си играат со балони, тие може да пукнат и да ги исплаши децата со гласниот звук. Освен тоа, може лесно да голтне некои делчиња од пукнатиот балон, а тоа предизвикува гушење.

совет: Не давајте деца под 8 години да си играат со балони.

popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-06.jpg

Фиџет спинер

При вртењето на спинерот, некои делови можат да се одвојат и да предизвикаат повреди на малите деца, бидејќи тие се понежни. Освен тоа, може и да голтнат некои делови од производот.

 popularni-igrachki-koi-mozhe-da-im-nashtetat-na-malite-deca-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg