Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 знаци дека треба да поминувате повеќе време сами

Сите сме жртви на брзото темпо на живот што го носи современото време. Затоа е важно одвреме-навреме да застанеме и да направиме ментален одмор од сé.

7-znaci-deka-treba-da-pominuvate-povekje-vreme-sami-01.jpeg

Можеби ви изгледа невозможно да земете слободен ден, да испланирате кратко патување надвор од градот или да откажете некои планови, но ставањето себеси во прв план е здраво и повеќе од неопходно.

Ако сте забележале дека сите ве нервираат, немате енергија или цело време ви се плаче, телото и умот ви порачуваат дека треба да поминувате повеќе време сами со себе.

Еве ги знаците кои укажуваат на тоа:

Сé ве нервира

Ве нервираат ситници на кои претходно не сте реагирале бурно. Во такви моменти, застанете и проверете дали изминатиот период ви бил многу напорен. Ако одговорот е да, знаете што треба да направите.

Извршувањето на секојдневните обврски ви паѓа тешко

Ако ви треба повеќе енергија и дополнителен напор за да ги измиете садовите или да направите ручек, телото ви бара одмор и време е да го забавите темпото.

Се чувствувате тажно и без енергија

Кога не сте доволно посветени на себе и своите потреби, може да се чувствувате тажно и без мотивација. Одморете ги телото и умот што поскоро.

Се нервирате кога ви ѕвони телефонот

Ако секогаш кога ќе ви заѕвони телефонот ви доаѓа да го фрлите негде и да не го слушате, време е да ги промените приоритетите. Не правете планови, не одговарајте на сите повици и бидете малку сами.

7-znaci-deka-treba-da-pominuvate-povekje-vreme-sami-02.jpg

Почнувате кавги со сите

Ако на најмалата ситница почнувате да се карате со некој и немате трпение, ова е дефинитивно знак дека сте претерале со работата.

Не уживате во ничие друштво

Кога седите со некого или сте излезени со друштво, едвај чекате да стигнете дома. Обидете се да направите баланс – најдете време за другите, но и за себе. Прво за себе.

Често сте настинати

Ако изминатиот период ви бил многу напорен, имунитетот ослабува и може да се јави настинка. Вашето тело ви дава знак дека треба да лежите и да правите нешто што ве усреќува.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg