Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Едноставни совети за попријатно спиење кога е топло

Сите го обожаваме летото заради летната облека и времето поминато на плажа или покрај базени.

ednostavni-soveti-za-poprijatno-spienje-koga-nadvor-e-toplo-001.jpg

Но, не го сакаме заради жештината која не престанува дури и навечер, а тоа предизвикува да не може да спиеме пријатно.

За да не се будите во сред ноќ со испотени чаршафи, прочитајте ги овие 4 едноставни совети, кои можеби барем малку ќе ви помогнат да имате попријатен летен сон:

Истуширајте се пред спиење

Нема ништо поубаво од тоа да се истуширате со умерено ладна вода и веднаш потоа освежени да легнете во кревет. Тоа ја намалува температурата на телото и помага да го немате лепливото чувство на кожата.

ednostavni-soveti-za-poprijatno-spienje-koga-nadvor-e-toplo-02.jpg

Навлаки за перница од пријатни материјали

Покријте ја перницата со пријатна и лесна навлака од убав материјал, како што е свилата. Свилата е природен регулатор на температурата, нежна е за косата и ја штити кожата на лицето. Секако, можете да најдете и друг материјал кој ќе ви биде на вас пријатен.

Затворете ги прозорите и ролетните преку ден

Кога ќе се разбудите треба да ги отворите ролетните, бидејќи природната светлина му помага на телото да произведува витамин Д. Но, откако ќе се подготвите, пред да излезете од дома, затворете ги повторно за да не се собира топлината во домот.

ednostavni-soveti-za-poprijatno-spienje-koga-nadvor-e-toplo-03_copy.jpg

Спијте сами

Без навреда на вашиот партнер, деца, милениче... но, кога има некој до вас во креветот, се зголемува топлината на телото. Секако, доколку не е возможно да спиете сами, барем обидете се да не сте премногу доближени еден до друг и секој да спие на своја страна. Испружете се целосно и не се допирајте.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg