Како да направите совршено секси селфи?

Внимавајте на раката со која го држите мобилниот телефон и никогаш не се сликајте во бањата.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-1.jpg

Не се правете дека никогаш не сте пробале. Ако имате паметен телефон со камера, сигурно барем еднаш сте се нашле во улога на фотограф, обидувајќи се да се сликнете самите себеси во најзаводлива поза, со која ќе потсетувате на познатите старлети или девојките од рекламите за долна облека.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-2.jpg

Но, убавиците кои професионално се занимаваат со снимање разголени фотографии, деновите ги минуваат во теретана, а последен пат виделе торта за својот роденден.

Воедно, ги следи и вреден тим од шминкери, фризери, како и експерти за лажен тен, поради што изгледаат беспрекорно, откако и фотографот ќе постави идеално осветлување.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-3.jpg

Од сѐ што наброивме, не значи дека и вие не може да имате прекрасна секси фотографија, заради која срцето на посилниот пол побргу ќе чука.

Но, ќе мора да вложите малку труд и знаење, доколку не сакате селфи кое е невкусно и аматерско, а ќе ги истакнува вашите мани, или уште полошо – машината за перење алишта во позадина.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-4.jpg

Доколку сакате да направите провокативна фотка, следете ги следните совети:

1. Одберете секси амбиент. Бадијала ви е и фотографија во бикини, доколку зад вас се наѕира облеката на сушницата или нередот на работната маса. Пронајдете убаво уредено катче, кое ќе ви овозможи добро осветлување и привлечна фотографија. И никогаш, ама баш никогаш не се фотографирајте во бањата, освен ако не сте во пенлива купка.

2. Средете ги лицето и косата. Кога правите нешто, направете како што треба. Фоткајте се дури тогаш кога ќе имате дотерано лице (па макар и со малку шминка) и убава коса.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-5.jpg

3. Не се сликајте одоздола, затоа што пропорциите ќе ви изгледаат чудно. Телото ќе ви биде дебело, а вратот – премногу широк.

4. Ако правите селфи со предна камера, полека подигнете ги рацете над главата, обидувајќи се да го најдете вистинскиот агол. Така градите ќе ви изгледаат поголеми, а  половината - потенка.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-6.jpg

5. Ако се фотографирате во огледало, послужете се со класичните мали трикови. Навалете го горниот дел од телото на една страна, така што визуелно ќе создадете потенка половина, а прекријте го едниот колк со раката, која опуштено ќе ја испружите покрај ногата.

Свиткајте ја едната нога во коленото, и левтерно поставете ја пред другата нога, или одберете став со благо расчекорени нозе и наведнат колк на страна. Ако сакате помал задник, притиснете го наназад, а ако сакате поголеми гради, тогаш навалете го горниот дел од телото нанапред.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-7.jpg

6. Кај селфи фотографиите, посебно внимавајте на рацете со кои ја држите камерата, затоа што знаат да изгледаат комично.  

7. Ако ви се гледаат стапалата, секогаш испружете ги прстите.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-8.jpg

8. Не се фотографирајте на места каде светлината доаѓа од плафонот. Многу подобро ќе изгледате покрај лампа со мека светлина, која е поставена пред вашето тело или од страна.

kako-da-napravite-sovrsheno-seksi-selfi-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg