5 типa на неподносливи жени
Сите сме слушнале многу пати до сега што е она што жените не сакаат кај мажите, а ретко кој се занимава со тоа што мажите го сметаат за одбивно...
... кај жените.
Вистина е дека мажите прво паѓаат на естетика, но често доживуваат шок штом ја запознаат девојката подобро. Еве 5 типови на жени кои мажите не можат да ги поднесат:
Кукало.
Жените кои постојано викаат, кукаат, приговараат, се жалат, ги понижуваат другите и во меѓувреме оговараат, се прилично одбивни. Нормално е дека секој човек со себе носи еден куп приговори за ова или она, но едно е да промрчите од време на време, а сосема е друго да наоѓате мани на сè, без престан, 24/7 и 365/1.
На мажите знае да им претставува потешкотија разбирањето зошто жените секогаш имаат потреба да оговараат и да ги оцрнуваат другите, и да се однесуваат надмено кон нив. А во меѓувреме, да приговараат. Машкиот мозок на тоа гледа вака: „Сосема е едноставно – или превземете нешто околу тоа што ве нервира, или престанете да мрчите!“.
Опседната со калории.
„Еј, немој пиво. Знаеш дека содржи 150 калории? Ќе треба да истрчам 15 минути за да ги согорам. А веќе трчам по половина час.. и одам на пилатес, и...“ Ок, мажите знаат да го претрпат ова, меѓутоа, доколку го добиваат дозирано во мали количини.
Инаку, опседнатоста со тежината е нешто што машкиот мозок тешко го преработува. И тоа е во ред. Исто како што е сосема ОК да водите грижа за својот изглед и да држите до себе, но доколку забегате до овој степен, најверојатно и ќе дојде до согорување. Овојпат, нема да согорувате маснотии, туку – нервите на дечкото.
Оговарачка.
Машките ќе се сложат дека добиле на бинго, доколку и на двајцата ви се допаднат фамилиите на другиот. Нели, најчесто се случува сосема спротивно. Сепак, тоа не значи дека жените имаат дозвола да плукаат по нив, да се жалат, вербално да се пресметуваат, и тн.
На пример, кога мажите не ја поднесуваат фамилијата на својата партнерка, тие тоа вешто го скриваат, и го чуваат
своето мислење за себе. Супер би било кога и двајцата би се држеле до истата девиза – ако немаш да кажеш нешто паметно и фино, подобро преќути.
Пчеличката Маја.
Ако жената постојано зборува за својата работа и презентацијата што ја чека за две недели, и целото свое слободно време го троши на размислување за подобрување на своите работни перформанси, рокови, подобрување на односите со колегите, исл.. очигледно нејзиниот партнер веќе нема никакви заеднички теми на разговор со неа.
Дури и кога тој сака да ги знае нејзините интереси, погледите на светот, мислењето за него... очигледно, овој тип на жена сака да се сокрие зад својата кариера. Затоа, еден совет – доколку посакувате маж – најпрво, обезбедете си живот!
Добродушна теткица.
Има и такви кои себеси се сметаат за најрелевантно советодавно тело, кои мораат да ги сослушаат сите ужалени, тажни, депресивни, бесни страни, и на крај да им кажат што треба да направат следно. Се мешаат во се и сешто, и самоиницијативно нудат потенцијални решенија на проблемите.
Толку се опседнати со оваа занимација, што на нивните партнери полека почнува да им се чини дека и тие самите постануваат еден од нивните „пациенти“. А знаете и самите, никој не сака врска со сопствената мајка.