Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Целите во вашиот живот

Во ред, си го поставивте сопствените цели во животот. Нивното остварување е навистина лесно, единствено што се бара од вас е да се насочите...

 

... кон нив и да преземете акција за да ги остварите.

За почеток еве 8 чекори што ќе ви помогнат.

1. Поставете си точна цел – Што конкретно сакате да постигнете? Не се срамете, и не бидете мрзеливи – земете пенкало и лист, и запишете ја вашата конкретна и специфична цел.

2. Фокусирајте се на само една работа во моментот, а потоа продолжете со задачата што логички следува  - Запрашајте се – Што треба сега да направам за да дојдам чекор поблиску до остварувањето на мојата цел?celite-vo-vashiot-zivot-1

3. Едуцирајте се – Просто е. Размислете кои информации и вештини ви се потребни за постигнување на целта, и пробајте да ги совладате и научите.

4. Започнете веднаш – Што, уште не сте се зафатиле со работа?!?!?! ПОЧНЕТЕ ВЕДНАШ!

5. Научете да им кажете НЕ на сите работи што ви го одвлекуваат вниманието  - Ви ѕвони телефонот? Некој тропа на врата? Комшиите прават генерална проба за свадба? Не наоѓајте причини за одложување - ИГНОРИРАЈТЕ СÈ!!!

6. Оценувајте и прилагодувајте се – Од време на време, застанете и погледнете зад себе. Дали има напредок? Ако да, супер - преминете на чекор 7. Ако не – застанете и размислете. Сигурно ќе најдете начин како да направите мали измени и прилагодувања во планот, што ќе ви го донесат посакуваниот успех.

7. Концентрација до исполнувањето на целта - ви текнува на чекорите 5 и 6, така? Супер. Навраќајте им се почесто - многу ќе ви помогнат во остварувањето на целта.

8. Повторете го процесот - да, до овој степен веќе сте ја исполниле задачата што сте си ја поставиле во чекорот 2. Сега е време да го повторите истиот процес за  задачата што логички ви следува за остварувањето на посакуваната цел.

Гледате дека не е тешко?

Би можело да ве интересира:

Што да направите ако ви се плаче и уште 5 психолошки трикови за непријатни ситуации За да ги запрете солзите во непогоден момент, погледнете нагоре и задржете го во...
Детали од секојдневието во Јужна Кореја што нам ни изгледаат чудно Знаевте ли дека во Јужна Кореја подочниците се знак за убавина и жените неретко ...
Фотки од уникатни ситуации и сцени кои не може да се доживеат секој ден Како изгледа кога пилотите мора да испуштат гориво за принудно и итно слетување?...
„Тагата не е момент - таа не избледува само затоа што времето оди напред“ Светот може да очекува тагата да има рок на траење, да биде нешто што на крајот ...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Лак за нокти, фен за коса – Како изгледале секојдневните предмети во минатото? (фото) Сте виделе ли како изгледа фен за коса од пред 100 години? А, знаете ли какви вл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg