36 тајни кои ги открива говорот на телото

Разбирањето на сигналите кои луѓето ги испраќаат едни на други со своите тела се неверојатна вештина. На некои луѓе им оди тоа природно, а некои мораат да се потрудат.

36-znaci-koi-gi-otkriva-govorot-na-teloto-01_copy.jpg

Макс Егерт, автор на книгата „Брилијантен говор на телото“ открива како можете да импресионирате, да убедите некого и да откриете што другите сакаат да ви кажат со помош на вашето тело.

Авторот вели дека со помош на овие сигнали можете да ги разберете луѓето околу вас, со малку труд можете да го откриете значењето на невербалните сигнали кои ви ги испраќаат луѓето околу вас...

1. Движење на Адамовото јаболко - аларм, лажење

2. Допирање на чанта, ѓердан, накит... - несигурност

3. Едната рака преминува преку градите и ја држи другата рака - несигурност

4. Отворени раце и дланки - отвореност, искреност

5. Рацете прекрстени на градите - отфрлање на нешто или некого, изразување на негативни емоции

6. Прекрстени раце, едната рака ја држи другата - неизвесност

7. Држење на чанта за да се создаде препрека - несигурност

8. Потпирање - потреба за заштита

9. Често трепкање - аларм

10. Длабоки воздишки - релаксација, согласување

11. Допирање на брадата - Размислување околу одлуките, оценување

12. Искривена насмевка - поздрав, се обидува да направи поблизок контакт, одобрување

13. Триење на очите - Збунетост, замор

14. „Кисел“ израз на лицето - здодевност, рефлексија, одбивање

15. Допирање на лицето - се обидува да ја сокрие вистината, нервоза

16. Прст, рака или чаша во или на уста - проценува или чека потврда

17. Посочува со прстот - покажува каде е насочен фокусот

18. Тапкање со нозете - здодевност

19. Допирање на другата личност - обид за интимност

20. Тивко зборување и допирање - покажува дека е заинтересиран/а за другата личност

21. Запирање на момент со дланките - агресија

22. Држење на зглобовите зад грб - целосна доверба или напротив, фрустрација

23. Со рацете ја придржува главата - заинтересиран за процена

24. Допирање на нозете или врата - чувствува препрека или лутина

25. Со дланката ја држи брадата, а лакотот го одмора на стол или маса - женски трик за привлечност

26. Стиснати дланки - фрустрација

27. Рацете зад грб - сигурност, авторитет

28. Рацете во џеб - или се обидува да изгледа како да е полн/а со самодоверба или предизвикува - „увери ме“

29. Рацете на колена - покорност

30. Триење на дланките - надеж за успех

31. Испреплетени прсти - самоувереност, релаксираност

32. Наведнат нанапред на рацете - изразува доминација со користење на просторот

33. Допирање на лакотот додека се ракува - се обидува да покаже блиско пријатество

34. Ширење на рацете со дланките насочени надолу - се обидува другата личност да ја стави под притисок

35. Допирање на рамениците да другата личност додека се ракува - знак на подреденост

36. При ракувањето другата рака ја става на врв - потреба да покаже авторитет

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg