25 правила на однесување кои ги почитуваат културните луѓе

За жал, голем број на луѓе не сметат дека е важно да ги почитуваат правилата на добар бонтон, бидејќи истите, важат само за оние луѓе кои имаат повисок социо-економски статус...

25-pravila-na-uctivost-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-01.jpg

Но, реалноста е, дека правилата се прилично едноставни и се наменети за секој да ги почитува:

1. Ако кажете „ве поканувам“, тоа значи дека вие треба да платите за вечерата, ако одите во ресторан. Ако кажете: „ајде да одиме во ресторан“, тоа значи дека секој треба да плати еднаква сума.

2. Никогаш не се осудувајте да посетите некого, ако претходно не се најавите. Не можете да знаете кога некој е во пижами, се одмора или e во својата бањарка. Една британска дама имала навика веднаш штом ќе го слушне ѕвоното да облече чевли и шапка. Aко тој што бил пред вратата ѝ се допаѓал велела: „Само што пристигнав дома“, ако не: „Извини, но само што се подготвував да излезам“.

3. Мобилниот телефон никогаш не го ставајте на видно место кога сте во јавност. Ако го правите тоа, покажувате само колку големо значење има еден дигитален уред во вашиот живот. Никогаш не го прекинувајте тековниот разговор за да разговарате на телефон.

4. Не канете девојка на состанок, ако планирате целата вечер да ја поминете во разговор на телефонот.

5. Еден маж никогаш не смее да ја носи чантата на дамата, но може да го носи нејзиниот капут за да го остави во гардероберот.

6. Начинот на кој еден маж консумира храна, никогаш не зависи од тоа како жената ќе одлучи да јадат. Тој може да одбере да јаде и со прсти, само ако внимава на начинот на кој го прави тоа.

7. Ако излезете со личност која се поздравува со друга личност која не ја познавате, повторно треба да ја поздравите.

8. Вашите чевли треба секогаш да бидат чисти.

9. Избегнувајте непотребен разговор по телефон. Aко имате тема на разговор, истата направете ја очи во очи.

10. Ако некоја личност ве навреди, не смеете да паднете на нејзино ниво. Или благо повишете го тонот или учтиво возвратете.

11. Мажот секогаш треба да оди на левата страна од жената.

12. Возачите мораат да знаат дека брзото возење, пцуењето и брзото кочење не смеат да го практикуваат пред други луѓе во возилото.

13. 9 работи треба да се чуваат во тајност: годините, богатството, семејните расправии, религијата, медицинските проблеми, љубовната ситуација, подароците, честа и срамот.

14. Во кино или театар, ако сте први треба да седнете на крајното седиште. Мажот секогаш треба да седне прв.

25-pravila-na-uctivost-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-1.jpg

15. Маж никогаш не смее да допре жена без нејзина дозвола. Тоа значи дека не е прифатливо да ја држи за рака, да ја допира за време на разговор или да ја држи повисоко од лакот, освен ако не ѝ помага да се качи по скали, да премине улица или да излезе од автомобил.

16. Ако некој ви се обраќа неучтиво не треба да одговорите.

17. Џентлменот секогаш е учтив со жена.

18. Во присуство на жена, мажот смее да запали цигара само ако има нејзина дозвола.

19. Кога влегувате во соба, вие имате должност да ги поздравите останатите кои веќе се во собата.

20. Почитувајте ја приватноста. Тоа значи дека дури и родителите не смеат да ги читаат приватните писма или дневници на сопствените деца.

21. Не се облекувајте по последна мода, носете облека која ви прилега.

22. Ако веќе еднаш ви простиле за сторена грешка, обидете се да не ја повторите во иднина.

23. Не се смејте ниту зборувајте прегласно, навредливо е.

24. Никогаш не заборавајте да им се заблагодарите на најблиските. Ви помагаат не затоа што мораат, туку затоа што сакаат. Почитувајте ја нивната помош.

25. Внимавајте како ги поставувате виљушката и ножот по јадењето:

25-pravila-na-uctivost-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-2.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg