Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работите кои никогаш не ѝ ги кажавте на личноста која ве повреди...

Она што најчесто нè треба да се фокусираме на минатото, наместо на сегашноста, се неискажаните емоции кои сме ги потиснале длабоко во нас.

Rabotite-koi-nikogas-ne-i-gi-kazavte-na-licnosta-koja-ve-povredi-01

Повторно и повторно се навраќаме на болните моменти и ги преиспитуваме нашите постапки, ситуациите во кои можеби требало да реагираме поинаку, зборовите кои не сме ги кажале, а ни тежеле на душата и моментите во кои сме се чувствувале збунети, тажни, исплашени, понижени...

Еден од начините да се справите со тоа е да направите список со работи кои сте сакале да ги кажете во форма на писмо. Ставете на хартија сè она што ве мачи и гласно прочитајте го. Потоа едноставно искинете го листот и испратете ги сите тие работи во минатото.

Ако сте биле повредени од родителите кажете го тоа на глас и напишете писмо до нив. Наведете ги сите обиди да бидете ќерката/синот која тие ја посакувале на крајот завршувале лошо, а вие сте се чувствувале виновни и тажни за тоа. Кажете им дека целата ваша бунтовност била начин да го привлечете нивното внимание, да им покажете колку вредите и да добиете од нив поголема поддршка.

Ако вашиот поранешен партнер е личноста која ве повредила наведете го неговото име и наведете ги сите ситуации кога сте се почувствувале предадено, тажно, отфрлено, искористено... Искажете ја целата тага и бес кои ги носите во себе, сите ситуации во кои сте си префрлале себеси дека премногу барате, дека сте требало да дадете повеќе знаејќи дека проблемот воопшто не е во вас.

Следниот чекор е да напишете писмо до себеси, бидејќи колку и да сте лути на другите најлути сте на самите себе што сте дозволиле такво нешто.

Напишете го сето она кое го чувствувате, сите обвинувања дека премногу сте трпеле, премногу сте дозволувале, сте се сомневале во себе и сопствената вредност, сте се залажувале... сето она заради кое вие сте се обвинувале себеси очекувајќи поддршка од некој друг.

На крајот за секое писмо напишете по еден краток позитивен одговор.

Напишете писмо со кое ќе се збогувате од сите тие тажни чувства и сеќавања, писмо кое ќе ви дозволи да се вратите во сегашноста не носејќи го товарот на минатото на рамена. Ќе сфатите дека ова писмо ќе ви донесе олеснување, среќа, можеби и по некој солза, но сепак најдоброто е што ова писмо ќе ве натера да сфатите колку сте силни.

Секоја тага од минатото претворете ја во лекција за која сте благодарни бидејќи токму тие лекции направиле од вас така силна и одлучна личност.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Строги (и чудни) правила кои стражарите на кралската гарда во Англија мора да ги следат Треба да внимаваат како паѓаат ако изгубат свест и од нив се очекува да стојат м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg