Психолошки трик: Како ќе ви се промени животот откако ќе ставите виолетова нараквица?
Ако сакате да го промените животот прво нешто што треба да го направите и да промените начинот на размислување.
Престанете да се фокусирате на негативните работи, да се споредувате себеси со другите, да се жалите или да озборувате.
За да ги промените своите мисли и да се проверите себе си дали сте способни за такво нешто, Вил Боуен, свештеник од Мисури, ви предлага да се обидете со еден сосема едноставен психолошки експеримент.
Сè што е потребно е да носите виолетова нараквица во период од 21 ден на едната рака. Но, условот за тоа е да не се пожалите воопшто во текот на денот. Секојпат кога ќе се пожалите ја преместувате нараквицата на другата рака и почнувате од 0 денови.
Зошто токму виолетова боја? Според мислењето на психолозите, оваа боја поседува тонизирачко дејство на мозокот, помага во ублажување на стресот и раздразливоста, а 21 ден е сосема доволен период за било каква навика да се вреже во потсвеста.
Самиот автор пишува дека бил во состојба да ја износи нараквицата на една рака дури после 3 месеци, а поголемиот дел од луѓето доаѓаат до овој резултат дури после 5 до 6 месеци. Првите неколку недели, нараквицата „патува“ од едната на другата рака и до 20 пати дневно, а потоа еднаш дневно, за после неколку месеци конечно да издржи и цела недела.
Неговата идеја била толку фасцинантна и ефикасна што била поддржана од повеќе милиони луѓе ширум светот.
За тоа време, човек може да се научи да забележува повеќе позитивни моменти во себе и во светот кој што го опкружува. Многу луѓе пишуваат како да им бил тргнат превез од очите – благодарени на овој психолошки трик забележале дека светот околу нив и не е така лошо место, и дека секојдневно нè опкружуваат мноштво од навистина интересни и позитивни нешта.
На почеток, вложувате голем труд, но со текот на времето, сфаќате дека престанувањето со жалење е свесен избор, а светот околу вас се трансформира до непрепознатливост. За поголемиот дел од луѓето ова подоцна станува и начин на живот во кој доминираат добрите и позитивни нешта.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





