4 мали совети кои треба да ги знаете ако имате пријател кој се бори со анксиозност
Анксиозноста е ментален проблем со кој се мачат веќе голем број луѓе, а да се има анксиозност е постојана борба.
Но, сепак анксиозноста е нешто со што мораме да се избориме или да им помогнеме на другите да се изборат.
Таа може да предизвика чувство на осаменост, а понекогаш дури и самото опкружување од луѓе кои ги сакаат може да предизвика анксиозност. Тоа можеби е тежок концепт за сфаќање, но ако имате пријател кој се мачи со оваа ужасно нарушување, тогаш потрудете се да ги проследите нашите совети.
Ова се мали нешта кои можат многу да им значат на оние кои патат од анксиозност:
1. Не ги игнорирајте
Едно од проклетствата на анксиозноста е тоа што чувствувате како луѓето да ви се лути. Дури иако нема такви знаци, луѓето со анксиозност веднаш помислуваат и ја анализираат секоја причина поради која можеби личноста се налутила. Можеби тоа е коментар од минатата недела или правење на нешто што на некој пријател не му се допаднало.
Ако личност која пати од анксиозност ви се обрати, тогаш знајте дека им било многу тешко да го направат тоа. Таквите луѓе честопати се плашат од одбивање, а тоа може да ги спречи да побараат помош и да испробуваат нови работи. Штом еднаш побараат помош и вие ги одбиете, верувајте дека тие никогаш повеќе нема да се обратат кај вас. Освен повреденост, личноста може да се почувствува заборавено или запоставено.
2. Дајте им до знаење дека се во ред
Никој не ужива во анксиозноста, а луѓето кои се анксиозни честопати се чувствуваат како нешто да не е во ред со нив и дека не се нормални поради нивниот начин на перципирање на светот. Тие имаат потреба од луѓе околу нив за да им кажат дека е во ред да се чувствуваат така и дека ќе бидат добро.
Ако станат анксиозни поради некоја ситуација ти е се чувствуваат како да се заглавени во себеси и како да немаат контрола врз она што се случува во надворешноста. Токму затоа тие мора да слушнат дека она што им се случува е во ред и дека ваквата ситуација нема да трае засекогаш.
Ако некој ваш пријател има напад на анксиозност, тогаш тој/таа вообичаено знае што му/ѝ е потребно за да се смири, но никогаш не е лошо да го пребродите тоа заедно и да им кажете дека сѐ ќе биде во ред. На овој начин вие ќе ѝ помогнете на таа личност побрзо да го преброди нападот и да направите да се чувствува нормално поради она што се случува.
3. Оставете ги да заминат кога имаат потреба
Кога личност со анксиозност ќе ви каже дека мора да ја напушти ситуацијата, сослушајте ги и почитувајте го тоа. Кога чувствуваат дека немаат контрола и дека се пренатрупани, единственото нешто што им помага е заминувањето – барем и на миг.
Верувајте, потребно им е само малку време да се соберат и да се потсетат дека се добро. Ако ви кажат дека не се добро и дека навистина мора итно да заминат, сфатете го тоа сериозно. Не им кажувајте да почекаат уште неколку минути, бидејќи тие сигурно чекале уште пред да ви кажат.
4. Бидете тука за нив
Најстрашниот аспект на анксиозноста е постојаното чувство на немир. Ако некогаш сте се почувствувале толку немирно што сте чекале да се случи најлошото, тогаш сфаќате како изгледа нормален ден за некој кој се соочува со ова нарушување.
Анксиозните луѓе сфаќаат дека понекогаш се тешки за справување, тие се толку свесни за тоа и толку загрижени што токму поради тоа тие остануваат сами. Во моментите на паника, на луѓето кои имаат анксиозност најмногу им значи да имаат некој покрај себе, иако се чувствуваат како да се луди и ненормални поради неа.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





